Samsung MG23F301T Series Owner's Instructions & Cooking Manual page 80

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 253
Мерки на претпазливост за ракување со микробрановата печка
Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до
штетно изложување на микробранова енергија.
• Печката не треба да се користи со отворена врата. Не чепкајте ги
безбедносните брави (шарките од вратата). Не ставајте ништо во отворите
на безбедносните брави.
• Не поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не
дозволувајте да има храна или талог на делот за затворање. Чистете ги
вратата и површините за затворање по секоја употреба, бришејќи ги со
влажна крпа, а потоа со мека и сува крпа.
• Не користете ја печката доколку е оштетена. Продолжете да ја користите
само откако ќе ја поправи квалификувано техничко лице.
Важно: вратата на печката мора да биде правилно затворена. Вратата не
смее да биде свиткана; шарките на вратата не смеат да бидат скршени или
лабави; површините за затворање на вратата и печката не смеат да бидат
оштетени.
• Сите прилагодувања или поправки мора да ги врши квалификувано
техничко лице.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 8
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 8
Ограничена гаранција
Samsung ќе наплати дополнителна сума за замена на галантерија или
поправка на козметички дефект, доколку оштетувањето на уредот или
галантеријата било предизвикано од страна на корисникот. Во оваа клаузула
спаѓа:
• Вдлабнатини, гребаници или кршење на вратата, рачките, надворешната
плоча или контролната плоча.
• Скршен или отстранет сад, прстени за насочување, спојница или решетка
за печење.
Оваа печка треба да се употребува само за наменетата функција како што
е опишано во ова упатство. Предупредувањата и важните безбедносни
инструкции во ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации
кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да
внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашата печка.
Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели,
карактеристиките на вашата микробранова печка можат малку да
се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои
предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или
одредени грижи, обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung или
побарајте помош и информации преку интернет од www.samsung.com.
Користете ја оваа печка само за загревање на храна. Таа е наменета само
за домашна употреба. Не загревајте никаков вид на текстил или перничиња
полни со зрнца. Производителот не може да се смета како одговорен за
оштетувања предизвикани од несоодветна или неправилна употреба на
печката.
За да спречите оштетување на површината на печката и опасни ситуации,
печката треба постојано да се чисти и добро да се одржува.
Дефиниција на групата на производот
Овој производ спаѓа во Група 2 Класа B ISM опрема. Дефиницијата за групата
2 ја опфаќа целата ISM опрема кај која радио-фреквентната енергија намерно
се генерира и/или користи во форма на електромагнетно зрачење заради
третман на материјалите, како и EDM и опремата за електрично заварување.
Во опремата од Класа B спаѓа опрема која е погодна за користење во
домаќинствата и институциите кои се директно поврзани на електрична
мрежа со низок напон со која се снабдуваат зградите заради користење во
домаќинствата.
Македонски - 8
6/7/2022 12:46:09 PM
6/7/2022 12:46:09 PM

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mg23f302t series

Table of Contents