Bosch GLM Professional 80 Original Instructions Manual page 243

Hide thumbs Also See for GLM Professional 80:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 18
извршете проверка на точноста (види „Проверка на
точноста и калибрирање на измерените косини (види
слика H)", Страница 247) и (види „Проверка на
точноста на мерењето на растојание", Страница 247).
Вклучување/исклучување
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор
u
и исклучете го по употребата. Другите лица може да
се заслепат од ласерскиот зрак.
За вклучување на мерниот уред ги имате следниве
можности:
– Притиснете на копчето за вклучување-исклучување
(8): Мерниот уред ќе се вклучи и се наоѓа во функција
на мерење на должини. Ласерот нема да се вклучи.
– Притиснете на копчето Мерење (2): Мерниот уред и
ласерот ќе се вклучат. Мерниот уред се наоѓа во
функција Мерење на должини. Доколку уредот е
ставен во мерна шина (25) се активира функцијата
мерење на косини.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете долго на
копчето за вклучување-исклучување (8).
Доколку околу 5 min не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тогаш тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
Доколку при начин на работа „Мерење на косини" аголот
не се промени во период од околу 5 min., мерниот уред
автоматски се исклучува заради заштита на батериите.
При автоматското исклучување, се задржуваат сите
зачувани вредности.
Процес на мерење
По вклучувањето, со притискање на копчето Мерење (2)
мерниот уред секогаш се наоѓа во функција Мерење на
должини одн. Мерење на косини, доколку мерниот уред е
(25) ставен во мерната шина. Другите мерни функции
може да ги поставите со притискање на соодветното
функционално копче (види „Мерни функции",
Страница 244).
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е
избран задниот раб на мерниот уред. Со притискање на
копчето за референтното ниво (10) може да го
промените референтното ниво (види „Избирање на
референтно ниво (види слика A)", Страница 243).
Поставете го мерниот уред со избраното референтно
ниво на саканата стартна точка за мерење (на пр. ѕид).
За вклучување на ласерскиот зрак, кратко притиснете на
копчето Мерење (2).
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
u
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина. За
активирање на мерењето, одново притиснете кратко на
копчето Мерење (2).
Bosch Power Tools
При постојано вклучен ласерски зрак мерењето
започнува веднаш по првото притискање на копчето
Мерење (2). Со функцијата Континуирано мерење,
мерењето започнува веднаш при вклучување на
функцијата.
Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од
0,5 с, а најдоцна по 4 с. Времетраењето на мерењето
зависи од растојанието, светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. Крајот на
мерењето ќе се прикаже со сигнален тон. По завршување
на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Доколку по околу 20 s по целењето не се изврши
мерење, ласерскиот зрак автоматски се исклучува
заради заштита на батериите.
Избирање на референтно ниво (види слика A)
За мерењето може да изберете четири различни
референтни нивоа:
– задниот раб на мерниот уред одн. предниот раб на
чивијата-граничник, отворен за 90° (9) (на пр. при
ставање на надворешни агли),
– врв на чивијата-граничник, отворен за 180° (9) (на пр.
за мерења од агли),
– преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење,
почнувајќи од еден раб на маса),
– за мерења од агли) (19) (на пр. за мерења со статив).
За избор на референтното ниво, притискајте го копчето
(10) додека не се прикаже саканото референтно ниво на
екранот. По секое вклучување на мерниот уред, задниот
раб на мерниот уред е претходно поставен како
референтно ниво.
Дополнителна промена на референтното ниво на веќе
извршените мерења (на пр. при прикажување на
измерените вредности во листата на измерени
вредности) не е можна.
Мени „Основни поставки"
За да влезете во менито „Основни поставки", држете го
притиснато менито Основни поставки (4).
Кратко притиснете го копчето Основни поставки (4), за
да ги изберете поединечните точки од менито.
Притиснете го копчето Минус (5) односно копчето Плус
(11), да изберете поставка во точката од менито.
За да излезете од менито „Основни поставки",
притиснете го копчето Мерење (2).
Основни поставки
Сигнални тонови
Осветлување на екранот
Македонски | 243
Вклучено
Исклучено
Вклучено
Исклучено
1 609 92A 55A | (05.08.2019)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Glm professional 80+r 60

Table of Contents