Bosch Professional GCD 12 JL Original Instructions Manual page 241

Hide thumbs Also See for Professional GCD 12 JL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Сечилото за пила (31) може да се блокира поради прав,
струготини или скршени делови на делот што се
обработува во отворот на масата за сечење (25).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Извлечете ја фиоката со струготини (24) и целосно
испразнете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Позиција на корисникот (види слика I)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на алатот.
Вклучување (види слика J)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (17) и држете го
притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (17) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Само со притискање на лостот за фиксирање (1) рачката
на алатот може да се води надолу.
– За сечење дополнително мора да го притиснете лостот
за фиксирање (1) со влечење на прекинувачот за
вклучување/исклучување.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење
на моторот.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (17).
Сечење
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
Bosch Power Tools
– По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол
на закосување.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Проверка и подесување на основните
поставки
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на алатот). Невнимателниот старт на
електричниот алат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Проверка: (види слика K1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што
запците од сечилото за пила ќе се израмнат со
линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19).
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина
на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на алатот ќе се води надолу.
Подесување: (види слика K2)
– Свртете ја завртката за поставување (35) со
испорачаниот крстест одвртувач (12), додека
ласерскиот зрак не дојде во паралела со целокупната
должина на линијата на сечење на делот што се
обработува.
Македонски | 241
1 609 92A 7N3 | (26.04.2022)

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gcd 12 jl professional0601b28000

Table of Contents