Bosch Professional GCD 12 JL Original Instructions Manual page 234

Hide thumbs Also See for Professional GCD 12 JL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 20
234 | Македонски
опрема со несоодветна величина не може соодветно
да се заштити и контролира.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка престилка
којашто ги запира малите абразивни парчиња или
парчиња од делот што го обработувате. Заштитата
за очи мора да овозможи спречување на остатоци што
се распрскуваат при работењето. Маската против прав
или респираторот мора да ги филтрира честичките што
се генерираат при работењето. Долготрајна
изложеност на интензивна бучава може да доведе до
губење на слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете
u
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема. Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат
наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од
директното поле на работа.
Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите
u
што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над
уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да
се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во
алатот што се вметнува.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да
ја повлече прашината во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електрична енергија.
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Не работете со електричниот
алат доколку се наоѓа на запалива површина, како
на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие
материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница
u
со соодветна големина и облик за избраното
сечило за пила. Соодветната прирабница го држи
сечилото за пила за сечење и така ја намалува
опасноста од лизгање на сечилото.
Сечилата за пила и прирабницата мора точно да
u
одговараат на вретеното на Вашиот електричен
алат. Алатите за вметнување што не одговараат точно
на вретеното на електричниот алат, се вртат
нерамномерно, вибрираат многу јако и може да
доведат до губење на контролата.
Не користете оштетени сечила за пила. Пред секоја
u
употреба проверете ги сечилата за пила дали се
скршени или пукнати. Доколку ви падне
електричниот алат или сечилото за пила, проверете
дали е оштетен алатот или пак употребете
1 609 92A 7N3 | (26.04.2022)
неоштетено сечило за пила. Откако сте го
провериле и ставиле сечилото за пила, не им
дозволувајте на лицата да бидат во близина на
висина на ротирачкото сечило за пила и оставете го
електричниот алат да врти една минута на највисок
број на вртежи. Повеќето оштетени сечила за пила ќе
се скршат во текот на овој пробен период.
Одбивање и слични предупредувања
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од
заглавено или блокирано ротирачко сечило за пила.
Заглавувањето или блокирањето води кон ненадејно
запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Со тоа
агрегатот за брусење неконтролирано се забрзува
нагоре во правец на корисникот.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некое сечилото
за пила, работ на сечилото кој влегува во делот што се
обработува може да се закачи и така да го скрши
сечилото за пила или да предизвика повратен удар.
Притоа сечилата за пила може исто така да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни
прописни мерки, како што е опишано подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на
силата на одбивање, доколку се преземат соодветни
превентивни мерки.
Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачкото
u
сечило за пила. При повратен удар агрегатот за
брусење се исфрла нагоре во правец на корисниот.
Не користете синџирест или лист за сечење на дрво
u
како и сегментни дијамантски плочи со процепи
широки повеќе од 10 mm. Таквите алати за
вметнување честопати предизвикуваат повратен удар
или губење на контролата над електричниот алат.
Избегнувајте блокирање на сечилото за пила или
u
преголем притисок. Не правете премногу длабоки
резови. Преоптоварувањето на сечилото за пила ја
зголемува неговата искористеност и склоност на
закосување или блокирање и со тоа можноста за
повратен удар или кршење на сечилото за пила.
Во случај да се заглави сечилото за пила или да се
u
прекине работата, исклучете го електричниот алат
и држете го цврсто агрегатот за брусење, додека
сечилото за пила не дојде во состојба на мирување.
Не се обидувајте никогаш сечилото за пила што се
врти да го вадите од резот, бидејќи може да
настане повратен удар. Откријте ја и поправете ја
причината за заглавувањето.
Не го вклучувајте повторно електричниот алат,
u
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете сечилото за пила да го постигне
целосниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, сечилото за пила може да се заглави, да
излета од делот што се обработува или да предизвика
повратен удар.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gcd 12 jl professional0601b28000

Table of Contents