Makita DUR192L Instruction Manual page 70

Cordless grass trimmer
Hide thumbs Also See for DUR192L:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
15. Често проверувајте дали на додатокот за
сечење има пукнатини или оштетувања
при работата. Пред да извршите проверка,
извадете ја касетата за батерија и почекајте
додека додатокот за сечење целосно не
запре. Веднаш заменете го оштетениот
додаток за сечење, дури и ако има само
површински пукнатини.
16. Никогаш не сечете над висина на струкот.
17. Пред да започнете со сечење, почекајте
додека додатокот за сечење не постигне
постојана брзина по вклучувањето на алатот.
18. Кога користите алат за сечење, рамномерно
замавнувајте со алатот во полукругови од
десно налево, како што се користи коса.
19. Држете го алатот за сечење само за
изолираните држачи затоа што може да
дојде во допир со скриени жици. Алатот за
сечење што ќе допре жица под напон може да
пренесе струја на изложените метални делови
на алатот и може да предизвика струен удар кај
лицето кое ракува со алатот.
20. Не стартувајте го алатот за сечење кога е
заплеткан со исечена трева.
21. Пред да го стартувате алатот за сечење,
осигурете се дека не ја допира земјата и
друг пречки, како на пример дрво.
22. За време на работата, секогаш држете го алатот
со двете раце. Никогаш не држете го алатот со
една рака за време на неговата употреба.
23. Не користете го алатот при лоши временски
услови или ако постои ризик од громови.
24. Користете го алатот само ако сте во добра
физичка состојба. Сите работи изведувајте
ги смирено и внимателно. Користете здрав
разум и имајте на ум дека операторот или
корисникот е одговорен за несреќите или
опасностите што им се случуваат на другите
луѓе или имотот.
25. Освен во итен случај, никогаш не оставајте
го и не испуштајте го алатот на земја бидејќи
тоа може сериозно да го оштети.
26. Никогаш не влечете го алатот по земјата
кога се преместувате од едно на друго
место, инаку, алатот може да се оштети ако
се движи на ваков начин.
27. Не форсирајте го алатот. Работата ќе биде
подобро завршена и со помал ризик од
повреда работејќи со темпо за кое е наменета.
Алати за сечење
1.
Не користете алат за сечење што не сме го
препорачале.
Користете соодветен додаток за сечење за
2.
работата што претстои.
Главите за сечење со најлон (глави за тример
со жица) се соодветни за косење трева.
Никогаш не користете поинакви сечила
вклучувајќи верижни составени од повеќе
делови и рамни сечила. Тоа може да
резултира со тешка повреда.
Користете само алат за сечење што е
3.
означен со брзина еднаква или поголема од
брзината означена на алатот.
4.
Секогаш држете ги рацете, лицето и облеката
подалеку од алатот за сечење додека ротира.
Во спротивно може да дојде до телесна повреда.
5.
Секогаш правилно користете го штитникот
на додатокот за сечење што е наменет за
додатокот за сечење што се користи.
Внимавајте да не се повредите од кој било
6.
од монтираните уреди за потсекување.
Откако ќе издолжите нов дел од жицата за
сечење, секогаш враќајте ја машината во
нејзината нормална работна положба пред
да ја вклучите.
Вибрации
Лицата со слаба циркулација, што се
1.
изложени на прекумерни вибрации, може да
се здобијат со повреди на крвните садови
и на нервниот систем. Вибрациите можат да
го предизвикаат следново на прстите, рацете
или зглобовите: „заспивање" (отрпнување),
треперење, болка, чувство на бодеж, менување
на кожата или нејзината боја. Ако се појави кој
било од наведените симптоми, посетете лекар!
За да го намалите ризикот од „болест на бел прст",
2.
држете ги рацете топли за време на работата и
добро одржувајте ги алатот и приборот.
Транспортирање
Пред транспортирање на алатот, исклучете
1.
го и извадете ја касетата за батеријата.
2.
Кога го транспортирате алатот, носете го во
хоризонтална положба држејќи го за оската.
3.
Кога го транспортирате алатот во возило,
добро прицврстете го за да не се преврти.
Во спротивно, може да настане оштетување на
алатот и другиот багаж.
Одржување
1.
Секогаш сервисирајте го вашиот алат во
еден од нашите овластени сервисни центри
и користете само оригинални резервни
делови. Неправилната поправка и лошото
одржување може да го скратат работниот век
на алатот и да го зголемат ризикот од незгоди.
Пред да извршувате какви било работи за
2.
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата.
3.
Секогаш чистете ги прашината и нечистотиите
од алатот. За таа цел, никогаш не користете
бензин, бензен, разредувач, алкохол или
слично. Може да дојде до менување на бојата, на
обликот или пукнатини на пластичните компоненти.
4.
По секоја употреба, стегнувајте ги сите
шрафови и навртки.
5.
Не обидувајте се да извршувате какво било
одржување или поправка што не се опишани
во упатството за употреба. За такви работи,
обратете се кај наш овластен сервисен центар.
6.
Секогаш користете ги исклучиво нашите
оригинални резервни делови и прибор.
Употребата на резервни делови или прибор од
трета страна може да резултира со кршење на
алатот, оштетување на имотот и/или тешка повреда.
70 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dur192lst

Table of Contents