Download Print this page

Makita HR3540C Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for HR3540C:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Издувна пумпа (опционален
додаток)
► Сл.15: 1. Издувна пумпа
По дупчењето на дупката, употребете ја издувната
пумпа за да ја исчистите прашината од дупката.
Делкање/ делење/ демолирање
► Сл.16
Поставете ја рачката-менувач на знакот
Цврсто држете го алатот со двете раце. Вклучете го
алатот и лесно притиснете го алатот за алатот да не
скока наоколу неконтролирано. Ако многу силно го
притиснете алатот, тоа нема да ја зголеми ефикасноста.
Дупчење во дрво или метал
► Сл.17
Користете го изборниот склоп на рачна стезна глава.
Кога го монтирате, видете го делот „Поставување или
отстранување втичник", опишан на претходната страница.
Поставете ја рачката-менувач така што покажувачот
да покажува на симболот
Држете го прстенот и свртете го ракавот во насока
спротивна од стрелките на часовникот за да ги
отворите стегите на клинот. Поставете ја бургијата во
клинот колку што може да оди. Држете го прстенот
цврсто и свртете го ракавот во насока на стрелките на
часовникот за да го стегнете клинот. За да ја отстраните
бургијата, држете го прстенот и вртете го ракавот во
насока спротивна од стрелките на часовникот.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не користете „ротирање со удар"
кога клинот за сопирање на дупчалката за
брза промена е монтиран на алатот. Клинот
за сопирање на дупчалката за брза промена
може да се оштети.
Притискањето силно врз алатот нема
да го забрза дупчењето. Всушност, овој
прекумерен притисок само ќе го оштети врвот
на бургијата, ќе ги намали перформансите на
алатот и ќе го скрати неговиот работен век.
При пробивањето на дупката, врз алатот/
бургијата дејствува огромна сила на виткање.
Држете го алатот цврсто и внимавајте
кога бургијата ќе почне да пробива низ
материјалот.
Секогаш прицврстувајте ги малите работни
материјали на менгеме или сличен уред за
прицврстување.
Дупчење со дијамантска бургија
Кога изведувате операции на дупчење со
дијамантска цевкаста бургија, секогаш поставувајте
ја рачката-менувач на позицијата
режим „само ротација".
ВНИМАНИЕ:
Ако изведувате операции на дупчење со
дијамантска цевкаста бургија користејќи
режим „ротација со удар", дијамантска
цевкаста бургија може да се оштети.
.
.
за користење
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување,
проверете дали алатот е исклучен и откачен
од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Подмачкување
ВНИМАНИЕ:
Сервисирањето треба да го прави овластен
или фабрички сервис на Маkita.
Алатот не треба да се подмачкува секој час или
секојдневно затоа што има систем за подмачкување
со средство за подмачкување. Тој треба да се
подмачкува редовно. Пратете го целиот алат во
овластен или фабрички сервис на Makita за оваа
услуга на подмачкување.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, одржувањата или дотерувањата
треба да се вршат во овластени или фабрички центри на
Makita, секогаш со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Бургии со врвови од карбид SDS-MAX
Остра челична шипка
Цевкаста бургија
Ладно длето
Дијамантска цевкаста бургија
Средство за подмачкување чекан
Длето за делење
Длето за жлебови
Склоп на рачна стезна глава
Средство за подмачкување на бургијата
Странична дршка
Мерач на длабочина
Издувна пумпа
Заштитни очила
Пластичен кофер за носење
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
34 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Hr3541fc