Makita DLM380 Instruction Manual page 53

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА:
Монтирајте ја горната рачка така што
насоката на горната рачка и кабелот за
напојување со електрична енергија да се
позиционирани како што е прикажано на
сликата.
Вадење или монтирање на
сечилото
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш вадете ги клучот за блокирање и
батеријата кога го вадите или монтирате
сечилото. Ако не ги извадите клучот за
блокирање и батеријата, може да дојде до
тешка повреда.
Сечилото продолжува слободно да врти
уште неколку секунди по отпуштањето на
прекинувачот. Осигурете се дека сечилото е
целосно запрено.
Носете ракавици секогаш кога ракувате со
сечилото.
► Сл.19: 1. Сечило 2. Клуч 3. Разлабавете
4. Чивија
1.
Поставете ја косилката да лежи странично така
што рачката за прилагодување на височината
на косење да се наоѓа на горната страна.
2.
За да го блокирате сечилото, вметнете чивија
или нешто слично во косилката.
3.
Олабавете ја завртката вртејќи ја налево со
клучот.
► Сл.20: 1. Поддршка за сечило 2. Сечило
3. Рамна шајбна 4. Шајбна со пружина
5. Завртка
4.
Извадете ги завртката, шајбната со пружина,
рамната шајбна и сечилото по тој редослед.
За да го монтирате сечилото, следете ја постапката
за вадење по обратен редослед.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Внимателно монтирајте го сечилото бидејќи
сечилата имаат горна и долна страна.
Стегнете ја завртката вртејќи ја надесно за
да го прицврстите сечилото.
Поставете го сечилото така што страната на
сечилото со стрелка за насока на ротација да
е свртена нанадвор.
Осигурете се дека сечилото е цврсто
монтирано.
Монтирање на корпата за трева
Извадете го клучот за блокирање.
► Сл.21
Подигнете го задниот штитник од уредот на
косилката.
► Сл.22: 1. Жлеб 2. Кука 3. Корпа за трева
Закачете ја корпата за трева на жлебот од уредот на
косилката.
РАБОТЕЊЕ
Косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да започнете со косење, расчистете ги
стапчињата и камењата од областа што се
коси. Следно, расчистете ја сета плевел од
областа што се коси однапред.
Секогаш носете заштитна маска или
заштитни очила со странични штитници кога
работите со косилката.
Цврсто држете ја рачката на косилката со двете
раце при косењето.
Широчината помеѓу средината на предните тркала
ја прикажува мерката за опсегот на косење. За да се
постигне рамномерно косење, делумно преклопете
ја областа што се коси со претходно искосената
област.
Периодично проверувајте го нивото на корпата
за трева и испразнувајте ја пред да се наполни.
Пред секоја периодична проверка, исклучувајте
ја косилката, и вадете ги клучот за блокирање и
батеријата.
НАПОМЕНА:
Користењето на косилката со полна корпа за
трева спречува мазно вртење на сечилото и
додава дополнителен товар на моторот, што
може да предизвика дефект.
Косење тревник со висока трева
► Сл.23
Не обидувајте се да косите висока трева наеднаш.
Наместо тоа, косете го тревникот во фази, оставајќи
временски период од ден или два помеѓу косењата,
додека тревникот не стане рамномерно краток.
НАПОМЕНА:
Ако се коси висока трева наеднаш на многу
ниска, тревата може да изумре и/или да ја
блокира внатрешноста на главниот уред.
Празнење на корпата за трева
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За да го намалите ризикот од незгоди,
редовно проверувајте дали на корпата
за трева има какви било оштетувања или
слабости, и ако е потребно, заменете ја.
1.
Отпуштете ја рачката на прекинувачот.
2.
Извадете го клучот за блокирање.
► Сл.24: 1. Корпа за трева 2. Рачка 3. Заден
штитник
3.
Отворете го задниот штитник и извадете ја
корпата за трева со нејзината рачка.
4.
Испразнете ја корпата за трева.
53 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents