Makita DLM380 Instruction Manual page 49

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
28. Ако косилката удри во надворешен предмет,
следете ги овие чекори:
- Запрете ја косилката, отпуштете ја рачката
на прекинувачот и почекајте додека
сечилото целосно не застане.
- Извадете ги клучот за блокирање и
батеријата.
- Внимателно проверете дали на косилката
има какви било оштетувања.
- Заменете го сечилото ако е оштетено
на каков било начин. Поправете ги сите
оштетувања пред одново да ја стартувате и
да продолжите да работите со косилката.
29. Често проверувајте дали корпата за трева
е изабена или дотраена. За складирање,
секогаш погрижувајте се корпата за трева
да е празна. Заменете ја изабената корпа за
трева со нова, фабрички-заменета заради
безбедност.
30. Запирајте го моторот и вадете го клучот
секогаш кога ја оставате опремата, пред да
го чистите куќиштето на косилката и пред
да извршувате какви било поправки или
проверки.
31. Бидете многу внимателни кога ја ставате во
рикверц или кога ја влечете машината кон
вас.
32. Сопрете го сечилото(ата) ако машината
треба да се навали за превоз кога се
поминуваат површини што не се тревни
и кога ја пренесувате машината до и од
подрачјето што треба да се коси.
33. Никогаш не работете со машината со
неисправни штитници или прегради, или
без да се поставени безбедносни уреди, на
пример, одбивачи и/или собирач на трева.
34. Внимателно вклучете го моторот во
согласност со упатствата држејќи ги
стапалата подалеку од сечилото(ата).
35. Не навалувајте ја машината кога го
вклучувате моторот, освен ако машината не
мора да се навали за да се стартува. Во овој
случај, не навалувајте ја повеќе отколку што
е апсолутно потребно и подигнете го само
оној дел кој е подалеку од операторот.
36. Не стартувајте ја машината додека стоите
пред отворот за исфрлање.
37. Не ставајте ги рацете или стапалата близу
или под вртливите делови. Бидете подалеку
од отворот за исфрлање во секое време.
38. Не транспортирајте ја машината додека
косилката е вклучена.
39. Запрете ја машината и извадете го уредот
за оневозможување. Осигурете се дека сите
подвижни делови целосно запреле
- секогаш кога ја оставате машината,
- пред чистење затнати места или
одзатнување на резервоарот,
- пред извршување проверка, чистење или
изведување работи врз машината,
- откако ќе удрите во некој предмет.
Проверете дали на машината има
оштетувања и поправете ја пред одново да
ја стартувате и да работите со машината;
40. Ако машината почне да вибрира
абнормално (веднаш проверете)
- проверете дали има оштетувања,
- заменете ги или поправете ги сите
оштетени делови,
- проверете ги и прицврстете ги сите
олабавени делови.
41. Внимавајте при прилагодувањето на
машината да спречите да дојде до
заглавување на прстите помеѓу сечилата
што се движат и фиксните делови на
машината.
42. На падини, косете напречно, никогаш
надолу или нагоре. Бидете многу
претпазливи кога менувате насока на
падини. Не косете многу стрмни падини.
43. Не користете црево за прскање.
Избегнувајте вода да навлезе во моторот и
електричните поврзувања.
44. Проверувајте на чести временски
интервали, дали завртката за монтирање на
сечилото е правилно стегната.
45. Одржувајте ги сите навртки и завртки
стегнати за да бидете сигурни дека
опремата е во безбедна работна состојба.
46. Секогаш оставајте ја машината да се олади
пред да ја складирате.
47. Кога ги сервисирате сечилата, имајте
предвид дека дури и ако алатот не е
приклучен во извор на електрична енергија,
сечилата сè уште може да се во движење.
48. Заменувајте ги изабените и оштетените
делови заради безбедност. Користете само
оригинални делови и додатоци за замена.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ
УПАТСТВА
ЗА БАТЕРИЈА
Пред користење на батеријата, прочитајте
1.
ги сите упатства и ознаки за претпазливост
на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата
и (3) производот што ја користи батеријата.
2.
Не расклопувајте ја батеријата.
3.
Ако времето во работа станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа.
Тоа може да резултира со ризик од
презагревање, можни изгореници и дури и
експлозија.
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents