Makita DLM380 Instruction Manual page 48

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства. Ако
не се следат предупредувањата и упатствата, може
да дојде до струен удар, пожар и/или тешка повреда.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства
за да можете повторно да ги
прочитате.
1.
Не вметнувајте го клучот во косилката
додека не се подготви за употреба.
2.
Овој уред не е наменет за да го користат
лица (вклучувајќи и деца) со намалени
физички, сетилни или ментални
способности, или лица без искуство и
знаење, освен ако не ги надгледува или не
им дава упатства за користење лице што е
одговорно за нивната безбедност.
3.
Децата треба да се под надзор за да се
осигура да не си играат со уредот.
4.
Никогаш не дозволувајте деца или луѓе
што не се запознаени со упатствата да ја
користат машината. Локалните прописи
може да ја ограничуваат возраста на
операторот.
5.
Никогаш не работете со машината додека
во близина има луѓе, особено деца, или
домашни миленици.
6.
Имајте на ум дека операторот или
корисникот е одговорен за несреќите или
опасностите што им се случуваат на другите
луѓе или нивниот имот.
7.
Додека работите со машината, секогаш
носете цврсти обувки и долги пантолони.
Не ракувајте со машината боси или со
отворени сандали. Избегнувајте да носите
облека или накит што се лабави, или што
имаат висечки кабли или врвки. Тие може да
бидат зафатени во подвижните делови.
Работете со машината само на дневна
8.
светлина или на добра вештачка светлина.
9.
Избегнувајте да работите со машината на
влажна трева.
10. Никогаш не работете со косилката на дожд.
11.
Користење и грижа за батеријата
- Полнете само со полначот назначен од
страна на производителот. Полнаш што
одговара за еден вид батерија може да создаде
ризик од пожар кога се користи со друга батерија.
- Користете ги електричните алати само со
конкретно наменетите батерии. Користењето
каква било поинаква батерија може да создаде
ризик од повреда и пожар.
- Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како
што се спојувалки, монети, клучеви, шајки,
завртки или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од еден
на друг терминал. Краткиот спој на контактите
на батеријата може да предизвика изгореници
или пожар.
- При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
допир, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, дополнително побарајте
лекарска помош. Течноста што ќе истече од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
12. Секогаш цврсто држете ја рачката.
13. Секогаш внимавајте како газите по стрмнини.
14. Одете, никогаш не трчајте.
15. Не фаќајте ги изложените сечила или рабови
за сечење кога го кревате или држите уредот.
16. Физичка состојба - Не работете со косилката
ако се под влијание на наркотични средства,
алкохол или какви било лекарства.
17. ШТИТНИЦИТЕ МОРА ДА СЕ ПОСТАВЕНИ и
да се во работна состојба.
18. Држете ги рацете и стапалата подалеку од
сечилата што вртат. Внимание - Сечилата
продолжуваат слободно да вртат уште
одредено време по исклучувањето.
19. Извадете го клучот пред да вршите
сервисирање, чистење или отстранување
материјали од градинарскиот уред.
20. Користете само оригинални сечила од
производителот назначени во ова упатство.
21. Пред работата, внимателно проверете
дали на сечилата има пукнатини или
оштетувања. Ако на сечилата има пукнатини
или оштетувања, заменете ги веднаш.
22. Осигурете се да нема други луѓе во
работната област пред да започнете со
косење. Запрете ја косилката ако некој влезе
во областа.
23. Отсранете ги надворешните материи, како
што се камења, жици, шишиња, коски и
поголеми стапчиња од работната област
пред да започнете со косење за да спречите
телесна повреда или оштетување на
косилката.
24. Ако забележите нешто необично, веднаш
запрете со работа. Исклучете ја косилката
и извадете го клучот од уредот. Потоа,
проверете ја косилката.
25. Никогаш не обидувајте се да вршите
прилагодувања на височината на тркалата
додека косилката е вклучена.
26. Отпуштете ja рачката на прекинувачот и
почекајте сечилото да запре со вртење пред
да преминете преку улица, патека, пат и
какви било области покриени со чакал. Исто
така, извадете го клучот, ако ја оставите
косилката, или се обидете да подигнете
нешто или да отстраните нешто од вашиот
пат, или заради каква било друга причина
што може да го одвлече вашето внимание
од работата што ја извршувате.
27. Предметите заглавени во сечилото на
косилката за трева може да предизвикаат
тешки повреди кај луѓето. Тревникот треба
секогаш внимателно да се прегледа и да
се расчисти од сите предмети пред секое
започнување со косење.
48 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents