Makita DLM380 Instruction Manual page 50

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM380:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате батерија во
сад со други метални предмети како
што се шајки, монети и сл.
(3)
На изложувајте ја батеријата на вода
или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, презагревање, можни изгореници
и дури и пад на напојувањето.
Не складирајте ги алатот и батеријата на
6.
места каде температурата може да достигне
или надминува 50°C (122°F).
7.
Не спалувајте ја батеријата дури и кога е
многу оштетена или целосно потрошена.
Батеријата може да експлодира ако се стави
во оган.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
8.
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
Заменете ја батеријата пред целосно да се
1.
испразни.
Секогаш запирајте ја работата со алатот и
заменете ја батеријата кога ќе забележите
дека алатот дава помала моќност.
Никогаш немојте да полните целосно полна
2.
батерија.
Прекумерното полнење го скратува
работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја батеријата на собна температура
од 10°C - 40°C (50°F - 104°F). Дозволете
загреаната батерија да се олади пред да ја
ставите на полнење.
4.
Наполнете ја батеријата ако не ја користите
подолг временски период (повеќе од шест
месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го алатот пред да ја
монтирате или извадите батеријата.
Осигурете се да го блокирате капакот на
батеријата пред употребата. Во спротивно,
калта, нечистотиите или водата може да
предизвикаат оштетување на производот или
на батеријата.
Секогаш монтирајте ја батеријата целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне.
Во спротивно, може случајно да испадне од
алатот, со тоа предизвикувајќи повреда вам
или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате батеријата на сила.
Ако батеријата не може да се лизне лесно,
тоа значи дека не е поставена правилно.
НАПОМЕНА:
Алатот не работи само со една батерија.
За да ја монтирате батеријата;
1.
Повлечете ја рачката за блокирање на капакот
на батеријата кон вас и отворете го капакот на
батеријата.
► Сл.1: 1. Рачка за блокирање на капакот на
батеријата 2. Капак на батеријата
2.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го
јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето
и турнете ја да застане во место. Вметнете
ја до крај додека не се заклучи во место при
што ќе се слушне мало кликнување. Ако
можете да го видите црвениот индикатор на
горната страна од копчето, тоа значи дека не е
заклучена целосно во место.
► Сл.2: 1. Капак на батеријата 2. Батерија
3.
Вметнете го клучот за блокирање во местото
покажано на сликата и турнете го до крај.
► Сл.3: 1. Батерија 2. Клуч за блокирање
4.
Затворете го капакот на батеријата и туркајте го
додека не се стегне со рачката за блокирање.
За да ја извадите батеријата од
косилката;
1.
Повлечете ја рачката за блокирање на капакот
на батеријата кон вас и отворете го капакот на
батеријата.
2.
Лизнете ја од алатот дека го лизгате копчето на
предниот дел од батеријата.
3.
Извлечете го клучот за блокирање.
4.
Затворете го капакот на батеријата.
50 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm380pm2

Table of Contents