Користење На Упатството; Во Ова Упатство За Користење Се Употребуваат Следните Симболи; Безбедносни Инструкции; Важни Мерки На Претпазливост - Samsung NV70K2340RS/OL User & Installation Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 226
Користење на упатството
Ви благодариме што купивте рерна за вградување од SAMSUNG.
Ова упатство за користење содржи важни информации околу безбедноста и помошните инструкции кои
се однесуваат на употребата и одржувањето на вашиот уред.
Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го прочитате упатството за користење и да го
задржите за користење во иднина.
Во ова упатство за користење се употребуваат следните симболи:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди, смрт и/или оштетување
на околината.
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди и/или оштетување на околината.
ЗАБЕЛЕШКА
Корисни совети, препораки или информации кои ќе им помогнат на корисниците во ракувањето со
производот.
NV70K2340RB_OL_DG68-00759A_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 3
Безбедносни инструкции
Инсталацијата на оваа рерна може да ја изврши единствено овластен електричар. Лицето што ќе ја врши
инсталацијата е одговорно за поврзување на уредот на напојувањето во согласност со соодветните
безбедносни препораки.
Важни мерки на претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи деца) со
намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни
или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се
дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Во фиксната инсталација мора да се вградат опции за исклучување во
согласност со правилата за поставување инсталација.
Овој уред треба да може да се исклучува од мрежата за напојување по
неговата инсталација. Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап
до приклучокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во
согласност со правилата за поставување инсталација.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на
производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се
избегнат какви било опасности.
Наведениот метод на инсталација не треба да зависи од употребата на
лепила, бидејќи тие не се сметаат за сигурни средства за инсталација.
Македонски 3
2018-12-04 PM 1:41:40

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Nv70k2340rb/olNv70k2340rb

Table of Contents