Skil 3620 Original Instructions Manual page 116

Cordless multi-function tool
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
Носете заштитни ракавици кога ги менувате
додатоците (контакт со додаток може да доведе до
повреда)
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ПРИ ПИЛЕЊЕ/СЕЧЕЊЕ
Држете ги рацете подалеку од областа за
сечење. Никогаш не допирајте под материјалот од
која било причина додека сечете
Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со експлозија;
пенетрирање во водоводна инсталација може да
доведе до оштета на предмети или електричен удар)
Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
ПРИ БРУСЕЊЕ
Користете го алатот само за суво брусење
(навлегувањето на водата во алатот го зголемува
ризикот од електричен удар)
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
Не користете изабени, искинати или хартија со многу
налепен слој од брусење
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
не користете правосмукалка а останатите лица и
запалливи материјали треба да се наоѓаат подалеку
од местото каде се работи
АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА
Испорачаната батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 На овој алат може да се постават вообичаените
додатоци за повеќенаменските алати, вклучително и
постојните додатоци на OIS и Starlock
4 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
5 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
6 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
7 Не се ослободувајте од електични алати и батерии во
домашниот отпад
УПОТРЕБА
Полнење на акумулаторска батерија
! прочитајте ги безбедносните предупредувања
и упатствата дадени со полначот
Вадење/инсталирање на батеријата 2
Индикатор за нивото на батеријата 8
- притиснете го копчето за индикаторот за нивото
на батеријата M за да се прикаже нивото на
батеријата.
Менување додатоци q
! извадете ја батеријата од машината
- извадете/ставајте го потребниот додаток како што
е прикажано
- проверете дали отворите на додатоците ќе се
наместат во јазичињата на главата на алатот
(можна е секоја позиција за заклучување)
- поставете го додатокот со притиснат центар
насочен надолу
- разлабавете/затегнете го шрафот B со инбус A
- проверете дали додатокот е правилно поставен
(неправилно или недоволно затегнатите додатоци
се разлабавуваат во текот на работата и така
претставуваат опасност)
Поставување хартија за брусење 9
- истресете ја прашината од ВЕЛКРО-материјалот
на подлошката за брусење E пред да ја ставите
хартијата за брусење
- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО H
како што е прикажано
! вшмукувањето прашина изискува употреба на
перфорирани хартии за брусење
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! секогаш користете го алатот со целата
површина од ВЕЛКРО покриена со хартија за
брусење
Вшмукување прашина w
! извадете ја батеријата од машината
- употребувајте адаптер за извлекување на правот J
само кога работите со подлога за брусење E
- поставете адаптер за правосмукалка J, како што е
прикажано
- поврзете ја правосмукалката
! не користете уред за вадење прашина/
правосмукалка кога брусите метал
- чистете го адаптерот за правосмукалката J
редовно за да постигнете оптимално собирање на
прашината
Вклучено/Исклучено
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање
на прекинувачот C 2 во позициите "I"/"O"
116

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Energy platform 3650

Table of Contents