Сервис, Резервни Делови И Гаранција - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8. Сервис, резервни делови и гаранција
Одржување и поправки
За одржувањето и поправката на модерните мотори, како
и на сите безбедносни уреди, наопходна е квалификувана
техничка обука и специјална работилница опремена со
специјални алати и апарати за испитување.
Сите работи што не се опишани во ова упатство за
употреба, извршувајте ги во овластен сервисен центар на
MAKITA.
Сервисните центри на MAKITA се опремени со сета
неопходна опрема и во нив работи обучен и искусен
персонал кој ги може да пронајде евтини и ефикасни
решенија, и да ве посоветува во врска со секој проблем.
За да го пронајдете вашиот локален дистрибутер, посетете ја
интернет-страницата www.makita-outdoor.com
Обидите за поправка од трети или неовластени лица ќе ги
поништат сите гарантните барања.
Резервни делови
Сигурната и долготрајна работа, како и безбедноста
на вашата синџирна пила, зависат, меѓудругото, од
квалитетот на резеврните делови што се користат.
Користете само оригинални делови од MAKITA означени
Само оригиналните делови и додатоци гарантираат
највисок можен квалитет на материјалот, димензиите,
функцијата и безбедноста.
Оригинални резервни делови и додадотци може да се
најдат кај вашиот локален застапник. Тој располага со
потребните списоци на резервни делови и со каталошки
броеви, и во тек е со сите новини и подобрувања во
понудата на резервни делови.
Имајте превид дека ако се користат други резервни
делови што не се од MAKITA, тоа автоматски ќе ја
поништи гаранцијата за производот на MAKITA.
Гаранција
MAKITA гарантира највисок квалитет и затоа ќе ги
надомести сите трошоци за поправка со замена на
оштетени делови што резултирало од дефект во
материјалот или при производството што настанал во
рамки на периодот покриен со гаранцијата по купувањето.
Имајте предвид дека во некои држави може да постојат
конкретни гарантни услови. Ако имате какви било
прашања, стапете во контакт со лицето за продажба кое е
одговорно за гаранцијата на производот.
Имајте предвид дека не можеме да прифатиме никаква
одговорност за штета предизвикана од:
• Непочитување на упатството за употреба.
• Неизвршување на потребното одржување и чистење.
• Неправилно прилагодување на карбураторот.
• Нормално абење и трошење.
• Очигледно преоптоварување предизвикано од
перманентно надминување на горните граници за
изведба.
• Употреба на ленти за водење и синџири кои не се
одобрени.
• Употреба на должини на ленти за водење и синџири кои
не се одобрени.
• Употреба на сила, неправилна употреба, погрешна
употреба или незгоди.
• Штета од прегревање предизвикано од нечистотија на
куќиштето на вентилаторот.
• Работи, што се вршат на синџирната пила, од страна на
необучени лица или несоодветни поправки.
• Употреба на несоодветни резервни делови или делови
кои не се оригинални делови од MAKITA ако истите ја
предизвикале штетата.
• Употреба на несоодветно или старо масло.
• Штета поврзана со услови кои настанале од договори
за изнајмување или користење.
• Штети предизвикани од занемарување лабави врски и
завртки.
Работите, што се однесуваат на чистење, сервисирање
и прилагодување, не се покриени со гаранцијата.
Сите поправки, покриени со гаранцијата, мора да се
извршуваат од страна на сервисен центар на MAKITA.
125

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents