6B. Само За Лентата За Водење Quickset; На Пилата; 6B-2. Прилагодување На Затегнатоста На Синџирот На Пилата; 6B-3. Проверка На Затегнатоста На Синџирот - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6b. Само за лентата за водење QuickSet
ВНИМАНИЕ:
Пред изведување каква било работа врз лентата
за водење или синџирот, секогаш исклучувајте го
моторот и вадете ја спојката од свеќичката (видете
„Замена на свеќичката"). Секогаш носете заштитни
ракавици!
ВНИМАНИЕ:
Стартувајте ја синџирната пила само откако целосно
ќе ја склопите и проверите.
На лентите за водење QuickSet, синџирот се затегнува
со помош на назабена прачка во лентата. Со тоа
се олеснува прилагодувањето на затегнатоста на
синџирот. Овие модели немаат конвенционален
затегнувач на синџирот. Лентите за водење QuickSet
се означени со овој симбол:
6b-1. Монтирање на лентата за водење и на
синџирот на пилата
Користете го универзалниот клуч, испорачан со
синџирната пила, за следниве работи.
Ставете ја синџирната пила на стабилна површина и
изведете ги следните чекори за монтирање на лентата за
водење и на синџирот на пилата:
(Сл. 34)
Отпуштете ја сопирачката на синџирот со повлекување на
штитникот за рака (1) во насока на стрелката.
Одвртете ги навртките за стегање (2).
Извлечете го штитникот за синџирникот (3).
(Сл. 35)
Поставете ја лентата за водење (4) и турнете ја кон
синџирникот (5).
(Сл. 36)
Подигнете го синџирот (6) над синџирникот (5).
Водете го синџирот од горе до околу половина во жлебот
(7) на лентата за водење.
ВНИМАНИЕ:
Имајте предвид дека рабовите за сечење долж горната
страна од синџирот мора да се насочени во истата насока
како стрелката!
(Сл. 37)
Повлечете го синџирот (6) околу носот на синџирникот (8)
на лентата за водење во насока на стрелката.
(Сл. 38)
Заменете го штитникот за синџирникот (3).
ВАЖНО:
Подигнете го синџирот на пилата преку
фаќачот на синџирот (9).
За почеток, стегнете ги навртките (2) само со
рака.
6b-2. Прилагодување на затегнатоста на
синџирот на пилата (Сл. 39)
Вртете го затегнувачот на синџирот QuickSet (10) надесно
со комбинираниот клуч (во насока на стрелките на
часовникот) додека елементите за водење на синџирот на
пилата не влезат во жлебот за водење на долната страна
од лентата за водење (ако е потребно, малку повлечете го
синџирот во својата положба).
Подигнете го малку врвот на лентата за водење и
дополнително вртете го затегнувачот на синџирот (10)
додека синџирот на пилата не легне на долната страна од
116
лентата за водење (видете го кругот).
Додека го држите врвот на лентата за водење подигнат,
стегнете ги навртките за стегање (2) со универзалниот
клуч.
НАПОМЕНА: Ако сте ја превртиле лентата за водење,
свртете го затегнувачот на синџирот налево (т.е. во
спротивна насока од стрелките на часовникот) за да го
затегнете синџирот.
6b-3. Проверка на затегнатоста на синџирот
(Сл. 40)
Затегнатоста на синџирот е правилно прилагодена ако
синџирот лежи на долната страна од лентата за водење и
може лесно да се врти со рака.
Притоа, сопирачката на синџирот мора да биде
отпуштена.
Проверувајте ја често затегнатоста на синџирот, бидејќи
новите синџири се подложни на издолжување со текот на
употребата!
Додека ја проверувате затегнатоста на синџирот, моторот
мора да биде исклучен.
НАПОМЕНА: Се препорачува да се користат напоредно
2-3 синџира.
За да можеме да гарантираме рамномерно абење
лентата за водење, лентата морате да ја превртувате
секој пат кога го менувате синџирот.
6b-4. Дополнително прилагодување на
затегнатоста на синџирот на пилата (Сл. 39)
Со помош на комбинираната алатка, олабавете ги
навртките за стегање (2) за околу едно свртување.
Подигнете го малку врвот на лентата за водење и вртете
го затегнувачот на синџирот QuickSet (10) надесно (во
насока на стрелките на часовникот) додека синџирот на
пилата повторно не легне на долниот раб од лентата за
водење (видете го кругот).
Додека го држите врвот на лентата за водење подигнат,
стегнете ги навртките за стегање (2) со универзалниот
клуч.
6c. Само за модели со брз
затегнувач на штитникот за
синџирникот (TLC)
ВНИМАНИЕ:
Пред изведување каква било работа врз лентата
за водење или синџирот, секогаш исклучувајте го
моторот и вадете ја спојката од свеќичката (видете
„Замена на свеќичката"). Секогаш носете заштитни
ракавици!
ВНИМАНИЕ:
Стартувајте ја синџирната пила само откако целосно
ќе ја склопите и проверите.
6c-1. Монтирање на лентата за водење и на
синџирот на пилата
Поставете ја пилата на стабилна површина и извршете ги
следниве работни чекори за да ги монтирате лентата за
водење и синџирот на пилата:
(Сл. 41)
Отпуштете ја сопирачката на синџирот со повлекување на
штитникот за рака (1) во насока на стрелката.
Турнете го нагоре брзиот затегнувач на штитникот
за синџирникот (2) (исто така, видете ја сликата за
прилагодување на затегнатоста на синџирот на пилата).
Турнете го брзиот затегнувач на штитникот за синџирникот
силно навнатре наспроти напрегнатоста од пружината и

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents