6C-2. Затегнување На Синџирот На Пилата; 6C-3. Проверка На Затегнатоста На Синџирот; 6C-4. Дополнително Прилагодување На Затегнатоста На Синџирот На Пилата; За Сите Модели - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
полека вртете го налево, додека не почувствувате дека
зафатил. И понатаму туркајте го и свртете го налево до
крај.
Отпуштете го брзиот затегнувач на штитникот за
синџирникот повторно и вртете го надесно за да го
вратите во неговата почетна положба. Повторувајте ја
оваа постапка додека штитникот за синџирникот (4) не се
одврти.
Извадете го штитникот за синџирникот (4).
(Сл. 42)
Поставете ја лентата за водење (5) и турнете ја кон
синџирникот (6).
(Сл. 43)
Подигнете го синџирот (8) над синџирникот (7).
Водете го синџирот од горе до околу половина во жлебот
(9) на лентата за водење.
ВНИМАНИЕ:
Имајте предвид дека рабовите за сечење долж горната
страна од синџирот мора да се насочени во истата насока
како стрелката!
(Сл. 44)
Повлечете го синџирот (8) околу носот на синџирникот
(10) на лентата за водење во насока на стрелката.
(Сл. 45)
Порамнете го дупчето на штитникот за синџирникот (4) со
чепот (11).
Вртете го затегнувачот на синџирот (3, видете
„Затегнување на синџирот на пилата") за чепот на
затегнувачот на синџирот (12) да се порамни со дупчето
во лентата за водење.
Турнете го штитникот за синџирникот (4) врз чепот (11).
6c-2. Затегнување на синџирот на пилата
(Сл. 46)
Истовремено, силно турнете на брзиот затегнувач на
штитникот за синџирникот (2) и вртете го надесно за да го
завртите штитникот за синџирникот, но не стегнувајте го.
Подигнете го малку врвот на лентата за водење и вртете
го затегнувачот на синџирот (3) надесно додека синџирот
на пилата не легне на долната страна од лентата за
водење (видете го кругот).
Повторно турнете го брзиот затегнувач на штитникот за
синџирникот (2) и стегнете го вртејќи го надесно.
(Сл. 47)
Ослободувајте го затегнувачот на синџирот на штитникот
за синџирникот додека не почне да се врти слободно, а
потоа, склопете го помеѓу заштитните ребра (15) како што
е покажано на сликата.
6c-3. Проверка на затегнатоста на синџирот
(Сл. 48)
Затегнатоста на синџирот е правилно прилагодена ако
синџирот лежи на долната страна од лентата за водење и
може лесно да се врти со рака.
Притоа, сопирачката на синџирот мора да биде
отпуштена.
Проверувајте ја често затегнатоста на синџирот, бидејќи
новите синџири се подложни на издолжување со текот на
употребата!
Додека ја проверувате затегнатоста на синџирот, моторот
мора да биде исклучен.
НАПОМЕНА: Се препорачува да се користат напоредно
2-3 синџира.
За да можеме да гарантираме рамномерно абење
лентата за водење, лентата морате да ја превртувате
секој пат кога го менувате синџирот.
6c-4. Дополнително прилагодување на
затегнатоста на синџирот на пилата (Сл. 49)
За да ја прилагодите затегнатоста на синџирот на пилата,
треба само да го олабавите малку брзиот затегнувач (2),
како што е опишано во делот „Монтирање на лентата за
водење и на синџирот на пилата".
Затегнете го синџирот како што е претходно опишано.
За сите модели
6-5. Сопирачка на синџирот (Сл. 50)
Моделот EA3500S-EA3503S доаѓа со сопирачка на
синџирот што работи на инерција, како стандардна
опрема. Ако настане повратен удар заради допир
на врвот на лентата за водење со дрво (видете
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, страница
116), сопирачката на синџирот ќе го запре синџирот со
помош на инерција ако повратниот удар е доволно силен.
Синџирот ќе запре за дел од секундата.
Сопирачката на синџирот е монтирана за да го
блокира синџирот на пилата пред да го стартува и за
да го запира веднаш во итен случај.
ВАЖНО: НИКОГАШ не работете со пилата додека
е активирана сопирачката на синџирот (освен
за тестирање, видете „Проверка на сопирачката на
синџирот")! Во спротивно, може многу брзо да дојде до
големо оштетување на моторот!
Пред да започнете со работа, СЕКОГАШ отпуштајте ја
сопирачката на синџирот!
Активирање на сопирачката на синџирот
(сопирање) (Сл. 51)
Ако повратниот удар е доволно силен, наглото
забрзување на лентата за водење, во комбинација со
инерцијата на штитникот за рака (1), автоматски ќе ја
активира сопирачката на синџирот.
За да ја активирате сопирачката на синџирот рачно,
едноставно турнете го штитникот за рака (1) нанапред
(кон врвот на пилата) со вашата лева рака (стрелка 1).
Отпуштање на сопирачката на синџирот
Влечете го штитникот за рака (1) кон вас (стрелка 2)
додека не почувствувате дека зафатил. Сопирачката е
сега отпуштена.
6-6. Гориво
ВНИМАНИЕ:
Оваа пила работи на погон што се заснова на
производи од минерални масла (бензин и масло).
Бидете особено внимателни кога ракувате со бензин.
Не пушете. Држете го алатот подалеку од отворен
пламен, искра или оган (опасност од експлозија).
Мешавина на гориво
Овој алат работи на моторен погон што се добива од
високо-перформансен, дво-тактен мотор со воздушно
ладење. Работи на мешавина од бензин и масло за дво-
тактен мотор.
Моторот е конструиран за обичен безоловен бензин
со минимална октанска вредност од 91 ROZ. Во случај
такво гориво да не е достапно, може да користите гориво
со висока октанска вредност. Тоа нема да влијае врз
моторот.
117

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents