Briggs & Stratton 080000 Operator's Manual page 158

Hide thumbs Also See for 080000:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
 Стандардни гарантни услови 
Потрошувачка употреба - 24 месеци
Комерцијална употреба - 3 месеци
 1 
 
Овие се нашите стандардни гарантни услови, но повремено може да
има и дополнителна гарантна покриеност што не е утврдена за време на
изданието. За преглед на тековните гарантни услови на вашиот мотор,
одете на BRIGGSandSTRATTON.com или контактирајте го вашиот овластен
сервисер на Briggs & Stratton. 
 2 
 
 Нема гаранција за мотори на опрема што се користи како примарен извор
на енергија; за резервни генератори, услужни возила кои надминуваат 25
MPH, за моторите што се користат во натпреварувачки трки на патеки што се
комерцијални или за изнајмување. 
 3 
 
 Vanguard инсталиран на резервни генератори: 24 месеци потрошувачка
употреба, нема гаранција за комерцијална употреба. Комерцијална серија со
датум на производство пред јули 2017: 24 месеци потрошувачка употреба, 24
месеци комерцијална употреба. 
 4 
 
 Во Австралија - нашите производи доаѓаат со гаранции коишто не можат
да се исклучат под Законот за потрошувачи на Австралија. Имате право
на замена или враќање на парите за голем дефект и на компензација
за каква било друга предвидлива загуба или штета. Исто така, имате
право на поправка или замена на производите ако тие не се со прифатлив
квалитет и ако дефектот не се смета за голем дефект. За услуга во врска со
гаранцијата, најдете го најблискиот овластен сервисер на нашата карта за
наоѓање трговци на BRIGGSandSTRATTON.COM или јавете се на 1300 274
447 или испратете е-пошта на salesenquiries@briggsandstratton.com.au или
пишете на Briggs & Stratton Australia Pty Ltd, 1 Moorebank Avenue, Moorebank,
NSW, Australia, 2170. 
Гарантниот рок започнува на оригиналниот датум на купување од првиот
препродавач или комерцијален корисник. „Потрошувачко користење"
означува лично користење во домаќинство од страна на потрошувач на мало.
„Комерцијално користење" ги опфаќа сите други користења, вклучително и
користење за комерцијални цели што создаваат доход или произлегуваат од
давање под наем. Ако моторот еднаш бил предмет на комерцијално користење,
понатаму ќе се смета како мотор за комерцијално користење за целите на оваа
гаранција. 
Зачувајте ја сметката како доказ за купувањето. Ако не доставите доказ за
датумот на првото купување кога е потребна услуга во врска со гаранцијата,
ќе се користи датумот на производство за да се одреди гарантниот рок. Не
е потребна регистрација на производот за да добиете услуга во врска со
гаранцијата за производите на Briggs & Stratton. 
За гаранцијата 
Оваа ограничена гаранција ги покрива само дефектите поврзани со материјалот
или изработката на моторот, а не замена или враќање на парите за опремата на
која што е монтиран моторот. Рутинско одржување, штелување, прилагодување
или нормално амортизирање не се покриени со оваа гаранција. Слично на тоа,
гаранцијата не важи ако моторот е преправан или менуван или ако серискиот број
на моторот е оштетен или отстранет. Оваа гаранција не покрива штета на моторот
или проблеми во изведбата предизвикани од: 
1.
Користење на делови што не се оригинални делови на Briggs & Stratton; 
2.
Работа на моторот со масло за подмачкување што е количински недоволно,
контаминирано или со несоодветен степен на подмачкување; 
3.
Користење на контаминирано или застоено гориво што содржи етанол повеќе
од 10% или користење на алтернативни горива, како што е течна нафта или
природен гас во мотори што не се оригинално конструирани/произведени од
страна на Briggs & Stratton со цел да работат со такви горива; 
4.
Нечистотија што навлегла во моторот поради неправилно одржување или
повторно монтирање на воздушниот филтер; 
5.
Удирање на предметот со острилото на косилка за трева, олабавени или
неправилно поставени адаптери за сечиво, ротори или други уреди со
коленесто вратило, како и престегнати ремени; 
6.
Поврзани делови или склопови, како што се спојки, менувачи, контроли на
опремата и др., кои не се доставени од страна на Briggs & Stratton; 
7.
Преголемо загревање предизвикано од згрутчување на тревата, нечистотија
и отпадоци или гнезда кои ги затнуваат перките за ладење или местото на
вртливото тркало или од работа со моторот при недоволна вентилација; 
8.
Прекумерна вибрација поради преголема брзина, лабава монтажа на
моторот, лабави или неизедначени острила или ротори или неправилно
спојување на деловите на опремата со коленестото вратило; 
9.
Несоодветна употреба, недостаток на рутинско одржување, испорака,
ракување или складирање на опремата или несоодветно поставување на
моторот. 
Услугите поврзани со гаранцијата се достапни само преку овластените
сервисери на Briggs & Stratton. Лоцирајте го најблискиот овластен сервисер
на нашата карта за наоѓање трговци на BRIGGSandSTRATTON.COM или јавете
се на 1-800-233-3723 (во САД). 
158
1, 2, 3
80004537 (Рев. F) 
  
BRIGGSandSTRATTON.com

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

090000093j00100000

Table of Contents