Carrier 42QTD009DS Owner's Manual page 70

Cassette type air conditioner
Hide thumbs Also See for 42QTD009DS:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2. РАБОТА
2.2 КАКО РАБОТИ
Основни режими на работа: АВТОМАТСКИ / ЛАДЕЊЕ / СУШЕЊЕ / ГРЕЕЊЕ / ВЕНТИЛАТОР
Режим AUTO
Во оваа опција системот автоматски ќе ги менува режимите и брзината на вентилаторот за да ја постигне
поставената температура.
[Во пролет и есен, за подобра контрола на температурата, можеби ќе биде потребно менување на
режимите COOL/HEAT.]
Режим DRY
Во овој режим, приоритет се дава на одвлажнување на воздухот. За да се постигне тоа и да се регулира
собната температура, се користат циклуси на ниска брзина на вентилаторот и компресорот.
Задоцнување на компресорот
При вклучување, времето на задоцнување од 3 до 4 минути го штити компресорот.
Превенција од студен провев
За да се избегне непријатен провев во режимот на греење, внатрешната единица се загрева пред
вклучувањето на вентилаторот. Ова одложување би требало да трае само неколку минути.
Автоматско одмрзнување
Во режимот на греење се создава мраз на надворешната единица. За одмрзнување на мразот,
внатрешниот вентилатор прекинува на неколку минути пред да продолжи греењето.
Автоматско рестартирање*
Уредот автоматски се рестартира по секој прекин на струјата. Сите претходни поставки на корисникот ќе се
обноват.
Автоматско откривање на протекувања*
Ако се забележи протекување на фреонот, уредот ќе го прикаже кодот ЕС или LED-диодите ќе почнат да
светкаат.
Меморија на перката*
Аголот на перката се меморира и таа ќе се врати на последната позиција избрана од корисникот.
Местење на насоката на протокот на воздух
Притиснете го копчето „AIR DIRECTION" на
далечинскиот управувач за да се намести насоката
на струење. Позицијата на перката малку се
поместува со секое притискање на копчето.
Притиснете го копчето „SWING" за да се вклучи
континуирано движење на перката.
[*] Во зависност од моделот
2.3 СОВЕТИ ЗА ЕКОНОМИЧНО РАБОТЕЊЕ
Наместете ја температурата за да постигнете умерени нивоа на удобност. Ако температурата е
претерано ниска или висока, непотребно се троши енергија.
Подобрете ја ефикасноста со затворање на прозорците и вратите.
Ограничете го користењето на енергија [време на работење] со користење на функцијата TIMER.
Не блокирајте ги отворите за влез или излез на воздухот. Тоа ќе предизвика лошо работење,
зголемување на оперативните трошоци и намален животен век на производот.
Проверувајте ги филтрите за воздух одвреме-навреме и исчистете ги кога е потребно.
Исклучете го изворот на енергија ако уредот нема да се користи за подолг период.
ЗАБЕЛЕШКА
Ве молиме погледнете во ПРИРАЧНИКОТ НА
ДАЛЕЧИНСКИОТ УПРАВУВАЧ за детали
Во режимите на ладење или сушење, може да
се формира кондензација и да капе од уредот
во услови на висока влажност ако позицијата
на перката е максимално долу.
Не ракувајте со уредот ако перката е затворена
или отворот е тесен. Ограничениот проток
на воздух ја намалува изведбата и може да
предизвика кондензација.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Не се обидувајте да ја наместите перката со рака.
МК-6

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents