Carrier 42QTD009DS Owner's Manual page 67

Cassette type air conditioner
Hide thumbs Also See for 42QTD009DS:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
1. ПРОЧИТАЈТЕ ПРЕД РАКУВАЊЕ
1.1 МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Прочитајте го ова упатство пред да го користите производот!
Овој уред може да се користи од деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, ако тие се под надзор
или добиле инструкции за користење на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените
опасности.
Децата не треба да си играат со уредот. Децата без надзор не треба да вршат чистење и одржување
на уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој симбол укажува на можноста за повреда на персоналот или губење на животот.
Задачата на монтирање на производот мора да ја извршат соодветно квалификувани и искусни
лица.
ЕЛЕКТРИЧНАТА работа може да се изврши само од страна на овластени лица и во согласност
со националните стандарди за електрична инсталација. Ако кабелот за напојување е оштетен,
тој мора да биде заменет од страна на производителот, овластениот сервисер или лице со
слична квалификација за да се избегнат опасности.
Не користете продолжителен кабел и не споделувајте го истиот штекер со други уреди.
Не обидувајте се да го одржувате, поправате, преместувате или менувате вашиот клима уред.
Побарајте професионална помош - контактирајте со овластен трговец.
Делумната поправка или одржување може да резултира со протекување вода, струен удар или пожар.
Исклучете го уредот ако забележите необична миризба, звуци или вибрации. Контактирајте со
овластениот трговец.
Не користете запаливи гасови или горива како бензин, бензен, растворувач и друго во
климатизираниот простор.
Тоа може да доведе до пожар.
Не користете грејно тело во климатизираниот простор.
Недоволната вентилација може да предизвика несреќи поради недостаток на кислород.
Ракување со влажни раце може да резултира со струен удар.
Подолгото изложување на провев може да предизвика болки во мускулите и суви очи.
Тоа може да влијае на вашата физичка состојба и да предизвика здравствени проблеми.
Не допирајте го излезот за воздух или перката при работата на уредот.
Тоа може да предизвика повреда.
Не вклучувајте го уредот во влажна просторија, како на пример, во бања или перална.
Тоа може да предизвика струен удар.
Никогаш не ставајте ги рацете, прстите или други предмети во влезот или излезот за воздух.
Тоа може да предизвика повреда бидејќи внатрешниот вентилатор ротира со голема брзина.
Не ставајте никакви предмети на уредот, особено предмети што содржат вода, како на пример,
вазни.
Тоа може да предизвика струен удар.
Далечинскиот управувач треба да се чува надвор од дофат на деца.
Непочитувањето на ова правило може да резултира со голтање на батериите или други несреќи.
Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинството.
Апаратот за домаќинство е апарат за извршување на вообичаените домашни работи во
домаќинството; истиот може да го користат корисници кои не се експерти, како на пр., продавници,
канцеларии и други слични работни средини, фарми, хотели, мотели и други други станбени средини.
МК-3

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents