Bosch GLL 3-50 Professional Original Instructions Manual page 162

Hide thumbs Also See for GLL 3-50 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
162 | Македонски
автоматиката за нивелирање. Насочете ја
вертикалната ласерска линија на отворот од вратата и
оставете го мерниот уред да нивелира.
– Означете ја средината на вертикалната ласерска
линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка Ⅲ).
– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.
– Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ.
– Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата  × 0,3 mm/m
Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 2 m × ± 0,3 mm/m = ± 1,2 mm. Точките Ⅲ и Ⅳ смеат
да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
1 609 92A 4HM | (19.11.2018)
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на
цврста подлога со растојание од околу 5 m помеѓу подот
и плафонот.
– Монтирајте го мерниот уред на ротирачката
платформа (16) и поставете го на подот. Изберете го
вертикалниот режим со автоматика за нивелирање и
нивелирајте го мерниот уред.
5 m
– Означете ја средината на горната точка на вкрстување
на ласерските линии на плафонот (точка Ⅰ). Освен тоа,
обележете ја средината на точката на вертикала на
подот (точка Ⅱ).
d
– Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го
на тој начин, што средината на долната точката на
вертикала ќе лежи на веќе обележаната точка Ⅱ.
Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете
ја средината на горната точка на вкрстување на
ласерските линии (точка Ⅲ).
– Разликата  d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на
плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот
уред од вертикалните линии.
Максималното дозволено отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојно растојание меѓу подот и плафонот × 0,6 mm/m.
Пример: При растојание меѓу подот и плафонот од 5 m
максималното отстапување смее да изнесува
2 × 5 m × ± 0,6 mm/m = ± 6 mm. Точките Ⅰ и Ⅲ смеат да
лежат најмногу 6 mm една од друга.
Совети при работењето
За обележување користете ја секогаш средината на
u
ласерската точка одн. ласерската линија.
180°
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents