Makita MLT100 Instruction Manual page 49

Hide thumbs Also See for MLT100:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2.
Одвртете ги двете шестоаголни завртки
на надолжниот граничник со дадениот
шестоаголен клуч.
3.
Приспособувајте го надолжниот граничник
сè додека не дојде во паралелна положба со
сечилото.
4.
Стегнете ги двете шестоаголни завртки на
надолжниот граничник.
► Сл.29
ВНИМАНИЕ:
Уверете се дека сте го поставиле надолжниот
граничник да биде паралелен со сечилото,
затоа што во спротивно може да се
предизвика повратен удар.
Подигнете го надолжниот граничник веднаш покрај
сечилото. Уверете се дека водилката на држачот
за граничникот покажува на 0. Ако водилката не
покажува на 0, одвртете ја завртката на линијарот и
приспособете го линијарот.
► Сл.30: 1. Водилка 2. Шраф
Поврзување на правосмукалката
► Сл.31
Чистењето може да се врши со поврзување на
алатот на правосмукалка или собирач на прав од
Makita.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете „помошници" при
работата, како што се штички за туркање и
блокови за туркање кога има опасност рацете
или прстите да Ви дојдат близу сечилото.
Секогаш држете го работниот материјал цврсто на
масата и надолжниот граничник или граничникот
за косо сечење. Не виткајте го и не кривете
го работниот материјал кога го ставате. Ако
работниот материјал се свитка или се искриви,
може да дојде до опасен повратен удар.
НИКОГАШ не повлекувајте го работниот материјал
додека врти сечилото. Ако веќе морате да го
повлечете работниот материјал пред да го завршите
сечењето, прво исклучете го алатот додека цврсто
го држите работниот материјал. Причекајте додека
сечилото не престане да се врти, а потоа повлечете
го работниот материјал. Во спротивно може да дојде
до опасен повратен удар.
НИКОГАШ не отстранувајте го пресечениот
работен материјал додека сечилото работи.
НИКОГАШ не ставајте ги рацете или прстите пред
сечилото. Многу внимавајте при косото сечење.
Секогаш добро прицврстете го надолжниот
граничник затоа што може да дојде до опасен
повратен удар.
Секогаш користете „помошници" при
работата како што се штички за туркање
или блокови за туркање кога сечете мал или
тенок работен материјал.
Помошници
Штичките за туркање, блоковите за туркање или
помошните граничници се типови „помошници".
Користете ги за да направите безбедни и сигурни
сечења без да има потреба некој дел од телото на
ракувачот да дојде во контакт со сечилото.
Блок за туркање
► Сл.32: 1. Лице/раб паралела 2. Рачка 3. Завртка
за дрво 4. Залепени заедно
Користете иверка од 19 мм.
Рачката треба да биде во средината од иверката.
Залепете ја со лепило и прицврстете ја со завртки за дрво
како што е прикажано на сликата. На иверката секогаш
мора да има залепено мало парче дрво со димензии 9,5 x
8 x 50 мм за да спречи абење на сечилото ако ракувачот
по грешка засече во блокот за туркање. (Никогаш не
користете шајки во блокот за туркање.)
Помошен граничник
► Сл.33: 1. Лице/раб паралела
Направете помошен граничник од парчиња иверка
со димензии од 9,5 мм и 19 мм.
Цепење
ВНИМАНИЕ:
Кога цепите, отстранете го граничникот за
косо сечење од масата.
Кога сечете долги или големи работни материјали,
секогаш ставајте соодветна поддршка зад масата.
НИКОГАШ не дозволувајте долга штица да се
движи или да се лизга на масата. Тоа може да
предизвика заглавување на сечилото и да ја
зголеми можноста за повратен удар и повреда.
Поддршката треба да биде со иста висина како и
масата.
1.
Нагодете ја длабочината на сечењето така
што ќе биде малку повисока од дебелината на
работниот материјал.
► Сл.34
2.
Поставете го надолжниот граничник на
саканата ширина за цепење, а потоа
прицврстете го со вртење на дршката.
3.
Вклучете го алатот и полека туркајте го
работниот материјал кон сечилото покрај
надолжниот граничник.
(1)
Кога ширината на цепењето е 150 мм или
поширока, внимателно користете ја десната рака
за да го ставите работниот материјал. Користете
ја левата рака за да го држите работниот
материјал спроти надолжниот граничник.
► Сл.35
(2)
Кога ширината на цепењето е од 65 до
150 мм, користете ја штичката за туркање
за да го туркате работниот материјал.
► Сл.36: 1. Штичка за туркање
(3)
Кога ширината на цепењето е помала
од 65 мм, штичката за туркање не може
да се користи затоа што таа ќе удри
во штитникот за сечилото. Користете
49 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents