Makita MLT100 Instruction Manual page 45

Hide thumbs Also See for MLT100:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРАВИЛА ЗА АЛАТОТ
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
1.
Носете заштитни очила.
Не користете го алатот во близина на
2.
запаливи течности или гасови.
3.
НИКОГАШ не користете го алатот ако има
ставено абразивно сечило за отсекување.
4.
Пред работата, внимателно проверете
дали на сечилото има пукнатини или
оштетувања. Ако на сечилото има пукнатини
или оштетувања, заменете го веднаш.
Користете само сечила кои ги препорачува
5.
производителот и кои се во согласност со
EN847-1 и внимавајте на тоа дека ножот за
цепење не смее да биде подебел од широчината
на засекот од сечилото и не смее да биде потенок
од телото на сечилото.
6.
Секогаш користете додатоци што се
препорачани во ова упатство. Користењето
несоодветни додатоци, како што се
абразивни тркала за отсекување, може да
предизвика повреда.
7.
Изберете го правилното сечило за
материјалот што треба да се сече.
8.
Не користете сечила што се направени од
челик со голема брзина.
9.
За да ја намалите бучавата, секогаш
проверувајте дали сечилото е остро и чисто.
10. Користете правилно наострени сечила.
Почитувајте ја максималната брзина што е
наведена на сечилото.
11.
Исчистете ги вретеното, фланшите
(особено површината за монтирање) и
шестоаголната навртка пред да го ставите
сечилото. Неправилното монтирање може
да предизвика вибрации/осцилации или
лизгање на сечилото.
12. Користете штитник за сечилото од пилата
и ножот за цепење секогаш кога може да се
користи, вклучувајќи ги и сите пресекувања.
Секогаш монтирајте го штитникот за
сечилото според насоките наведени во
ова упатство. Пресекувањето се однесува
на сечење кога сечилото целосно го сече
работниот материјал како при цепење или
циркуларно сечење. НИКОГАШ не користете
го алатот со расипан штитник за сечилото
и не прицврстувајте го штитникот со конец,
јаже и сл. Ако штитникот не функционира
правилно, веднаш мора да се поправи.
13. Веднаш вратете ги штитникот и ножот за
цепење откако ќе завршите со активност
што бара отстранување на штитникот.
14. Не сечете метални предмети, како што се
шајки и завртки. Проверете дали има и
отстранете ги сите шајки, завртки и други
работи од работниот материјал пред да
почнете со работа.
15. Отстранете ги деланките, отсечените
парчиња и сл. од работната површина пред
да го вклучите прекинувачот.
16. НИКОГАШ не носете ракавици додека
работите.
17. Држете ги рацете подалеку од линијата на
движење на сечилото.
18. НИКОГАШ не застанувајте и не дозволувајте
никому да застане до линијата на движење
на сечилото.
19. Внимавајте сечилото да не го допира ножот
за цепење или работниот материјал пред да
се вклучи прекинувачот.
20. Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што можат да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансирано сечило.
21. Алатот не треба да се користи за дупчење,
полужлебови или жлебови.
22. Заменете го лежиштето кога ќе се истроши.
23. НИКОГАШ не правете никакви нагодувања
додека работи алатот. Исклучете го алатот
пред да правите некакви нагодувања.
24. Користете штичка за туркање кога е
потребно. Штичката за туркање МОРА да се
користи за цепење тесни парчиња работен
материјал со цел рацете и прстите да Ви
бидат подалеку од сечилото.
25. Секогаш складирајте ја штичката за туркање
кога не се користи.
26. Особено внимавајте на упатствата за
намалување на ризикот од ПОВРАТЕН
УДАР. ПОВРАТЕН УДАР е ненадејна реакција
на заглавено, приклештено или лошо
центрирано сечило. ПОВРАТНИОТ УДАР
предизвикува исфрлање на работниот
материјал од алатот назад кон операторот.
ПОВРАТНИОТ УДАР МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА
СЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ. ПОВРАТНИОТ УДАР
може да се избегне ако сечилото е остро,
граничникот е поставен паралелно со
сечилото, ако ножот за цепење и штитникот
за сечилото се монтирани и правилно
функционираат, ако не го отпуштате
работниот материјал сè додека не го
одмине сечилото и ако не цепите материјал
што е извиткан или искривен или нема
прави рабови за да се наведуваат покрај
граничникот.
27. Не користете ги рацете за работи што треба
да ги врши алатот. Тоа значи дека не смеете
да ги користите рацете за да го придржувате
или да го насочувате работниот материјал,
наместо граничникот или мерачот.
28. НИКОГАШ не пресигнувајте се околу
сечилото или над него. НИКОГАШ не
посегнувајте по работниот материјал си
додека сечилото сосема не запре.
29. Избегнувајте брзо и грубо ставање
материјал. Ставајте ги цврстите работни
материјали колку што можете побавно.
Не виткајте го и не кривете го работниот
материјал кога го ставате. Ако го запрете
или го заглавите сечилото во работниот
материјал, веднаш исклучете го алатот.
Исклучете го од струјата. Потоа отстранете
го заглавувањето.
45 МАКЕДОНСКИ

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents