Bosch 0 607 161 100 Original Instructions Manual page 241

Hide thumbs Also See for 0 607 161 100:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
OBJ_BUCH-1540-004.book Page 241 Monday, September 19, 2016 2:47 PM
Монтажа
Уред за закачување и затегање
Уред за закачување (види слика A)
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Со обрачот за закачување 4 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
– 0 607 153 5..
Држачот за закачување 4 поставете го на пневматскиот
алат, и оставете го да се вклопи во отворите 10.
Во зависност од тежиштето на пневматскиот алат, може
да ги искористите предните или задните отвори.
– 0 607 161 5..
Ставете го обрачот за закачување 4 во полето за
затегање 2.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Уред за затегање
0 607 154 101/0 607 161 1../0 607 161 5..
– Во наведеното поле на затегање 2, пневматскиот уред
може да го прицврстите на уред за затегање. Доколку е
возможно користете го целото поле на затегање. Колку
се помали границите на затегање, толку појака ќе биде
моќта на затегање.
Не затегајте надвор од границите.
Монтирање на дополнителната дршка
0 607 160 5../0 607 161 1../0 607 161 5..
– Вметнете ја дополнителната дршка 9 во полето на
затегање 2.
Дополнителната дршка 9 може да ја вртите по желба, за да
си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка во правец спротивен на
стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 9 во саканата позиција. Потоа свртете ја
пеперутка-завртката повторно во правец на стрелките
на часовникот.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Децентрализиран воздуховод (види слика B)
0 607 161 1../0 607 161 5..
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 8, и
заменете го со спојница за црево 5.
Bosch Power Tools
– Олабавете го држачот за 11 цревото за одвод на воздух
12, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
0 607 153 5../0 607 154 101
Водот за издувен воздух мора да се монтира на
напојувањето со воздух пред да се приклучи, бидејќи
поклопецот на куќиштето 14 мора да се отстрани.
Одводниот воздух може да го спроведете во сад за
издувен воздух.
– Отшрафете ги трите шрафови за прицврстување 13 , и
извадете го поклопецот на куќиштето 14.
– Заменете го пригушувачот наспроти шестаголната
навртка 15 и прицврстете го поклопецот на куќиштето
повторно со трите шрафа за прицврстување.
– Зашрафете ја спојницата за црево 5 на шестаголната
навртка 15 на излезниот отвор за воздух.
– Олабавете го држачот за 11 цревото за одвод на воздух
12, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Децентрален вод за издувен воздух со сет за издувен
воздух (види слика C)
0 607 161 1..
Одводниот воздух може да го спроведете во сад за
издувен воздух, при што ќе прицврстите децентрален сет
за издувен воздух 17.
Напомена: Внимавајте на тоа, спојницата за црево 5 да не
ја зашрафите на приклучните додатоци 20 на отворот за
доток на воздух и дихтунгот 16 да лежи во вдлабнатината
помеѓу куќиштето и сетот за издувен воздух 17 , за да
може воздухот кој се издувува да излегува само од
цревото за издувен воздух 12.
– Зашрафете ги цврсто приклучните додатоци 18 на
сетот за издувен воздух на приклучните додатоци 20 на
отворот за доток на воздух и на крај спојницата за црево
на 5 на приклучните додатоци 18.
– Заменете го придушувачот 19 на сетот за издувен
воздух со спојницата за црево на издувниот воздух.
– Олабавете го држачот за 11 цревото за одвод на воздух
12, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Централен воздуховод (види слика D)
0 607 161 1../0 607 161 5..
– Олабавете го држачот за 11 цревото за довод на воздух
21, и зацврстете го цревото за довод на воздух на
спојницата за црево 5, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
– Вметнете го цревото за одвод на воздух (централно)
22, кој го одведува издувниот воздух од вашето
работно место, над цревото за довод на воздух 21.
Потоа приклучете го пневматскиот алат на
напојувањето со воздух (види „Приклучок на
напојувањето со воздух", страна 242) и навлечете го
цревото за одвод на воздух (централно) 22 преку
цревото за довод на воздух на крајот од уредот.
Македонски | 241
1 609 92A 37G | (19.9.16)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents