Bosch GTL 3 Professional Original Instructions Manual page 168

Hide thumbs Also See for GTL 3 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
OBJ_BUCH-828-005.book Page 168 Friday, February 5, 2016 1:33 PM
168 | Македонски
Совети при работењето
 Мерниот уред ставајте го секогаш рамно на
подот одн. прицврстете го рамно на ѕидот. При
нерамно поставување одн. прицврстување, аголот
е помал од 45° одн. 90°.
 За обележување, секогаш користете ја само
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
 За израмнување никогаш не ги користете
ласерските линии, коишто мерниот уред на
подот ги проектира на ѕидот. Мерниот уред нема
самонивелирачка функција, па затоа линијата на
ѕидот е искривена.
 Референтната точка за израмнување на плочки е
точка на пресек P на ласерските линии директно
пред мерниот уред. За да пренесете агол,
мерниот уред мора да се сврти на оваа точка на
пресек, види слика F.
 Поставете го мерниот уред само на чиста плоча
за израмнување 10. На нерамна, извалкана
површина на плочата за израмнување мерниот
уред не може да стои рамно и може да доведе до
погрешни резултати при мерењето.
Работење со плоча за израмнување
(види слики D–E)
Со помош на плочата за израмнување 10 може рамно
да го поставите мерниот уред на нерамен или
нестабилен под.
Плочата за израмнување 10 исто така е погодна како
ѕиден држач за мерниот уред. Прицврстете ја плочата
за израмнување на ѕид или на коса површина напр. со
завртки (обични), така што ќе биде обезбедена од
превртување. Употребете васер-вага, за рамно да ја
поставите плочата за израмнување на површината.
Позиционирање на мерниот уред на плочата за
израмнување: Поставете го мерниот уред со
магнетите 4 на долната страна на плочата за
израмнување 10. Мрежата од линии на горната страна
на плочата за израмнување помага при точно
позиционирање на мерниот уред. За пренесување на
90°- одн. 45°-агли поставете ја плочата за
израмнување на референтен раб или на проекција на
ѕид и поставете го мерниот уред, како што е
1 609 92A 267 | (5.2.16)
прикажано на горната страна на плочата за
израмнување.
Работење со целна табла за ласерот/мерна плоча
за плафон (види слика A)
Целната табла за ласерот 9 или мерната плоча за
плафон 14 ја подобрува видливоста на ласерскиот
зрак при неповолни услови и големи растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на
ласерот 9 ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната половина ласерската
линија е видлива и од задната страна на целната табла
на ласерот.
Мерната плоча за плафон 14 (опрема) може да се
примени и за прикажување на ласерски линии. Како и
целната табла за ласерот, таа располага со една
рефлектирачка и една транспарентна половина.
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина.
На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа
посветло за окото.
 Не ги користете ласерските очила како заштитни
очила. Ласерските очила служат за подобро
препознавање на ласерскиот зрак, но не
заштитуваат од ласерското зрачење.
 Не ги користете ласерските очила како очила за
сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила
не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат
препознавањето на бои.
Примери за работа
Проверка на прави агли (види слика A)
Поставете го мерниот уред во еден ќош од
просторијата и позиционирајте го, така што
0°-ласерска линија ќе поминува паралелно во однос
на референтната линија (напр. ѕидот). Измерете го
растојанието помеѓу ласерската линија и референтата
линија директно на мерниот уред на што е можно
поголемо растојание од мерниот уред. Израмнете го
мерниот уред, така што двете растојанија ќе бидат со
еднаква големина.
На крај измерете ги растојанијата на најмалку две
различни точки помеѓу 90°-ласерска линија и ѕидот.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents