Bosch GTL 3 Professional Original Instructions Manual page 165

Hide thumbs Also See for GTL 3 Professional:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 14
OBJ_BUCH-828-005.book Page 165 Friday, February 5, 2016 1:33 PM
Доколку приказот за батерии 8 постојано свети, не
може повеќе да се мери. По краток период мерниот
уред автоматски се исклучува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш.
Користете само батерии од еден производител и со ист
капацитет.
 Доколку не сте го користеле мерниот уред
повеќе време, извадете ги батериите. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи осцилации во температурата, оставете
го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред
да го ставите во употреба. При екстремни
температури или осцилации во температурата,
прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред,
може да се наруши прецизноста. По тежок удар или
превртување, проверете ги ласерските линии
односно ласерските зраци со хоризонтална или
вертикална референтна линија одн. со контролните
точки на вертикалата.
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете еднаш
кратко на копчето за вклучување-исклучување 3.
Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа три
ласерски линии од 0°, 45° и 90° од излезните отвори 1,
а освен тоа приказот за батерии 8 свети 3 с.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него,
дури ни од голема оддалеченост.
Bosch Power Tools
По второто притискање на копчето за вклучување-
исклучување 3 мерниот уред се префрла од 3-линиски
режим на 2-линиски режим: Ќе се прикажат уште 0°- и
90°-ласерска линија.
За исклучување на мерниот уред притиснете трет пат
на копчето за вклучување-исклучување 3.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин.
работа.
За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
при вклучување на мерниот уред, држете го
притиснато копчето за вклучување-исклучување 3 3 с.
Доколку автоматиката за исклучување е
деактивирана, по вклучувањето ласерските линии
кратко трепкаат за потврда.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без
надзор и исклучете го по употребата. Другите
лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го со
кратко притискање на копчето за вклучување-
исклучување 3. По вклучувањето ласерските линии не
трепкаат.
Точност на аголот
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од
подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Затоа поставете го мерниот уред што е можно
поблиску на работната површина и со долната страна
прицврстете го што е можно попаралелно со работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може
да доведат и влијанијата специфични за уредот (како
напр. падови или јаки потреси). Затоа, пред секој
почеток на работа проверете ја точноста на
нивелирањето.
Проверка на точноста на аголот
За проверка, потребна Ви е слободна површина од
околу 10 x 5 m на цврста рамна подлога.
Македонски | 165
1 609 92A 267 | (5.2.16)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents