Одржување; Острење На Синџирот На Пилата; Чистење На Внатрешноста На Штитникот На Синџирникот - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
7. ОДРЖУВАЊЕ
7-1. Острење на синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ: Пред изведување какви било
работи на лентата за водење или синџирот,
секогаш исклучувајте го моторот и вадете го
капачето на свеќичката (видете 7‑6 „Замена
на свеќичката"). Секогаш носете заштитни
ракавици!
(Сл. 59)
Синџирот треба да се наостри кога:
Се создава брашнест прав при сечењето влажно дрво.
Синџирот навлегува во дрвото само со употреба на силен
притисок.
Работ за сечење е очигледно оштетен.
Пилата влече налево или надесно при сечењето. Тоа е
предизвикано од нерамномерно наострениот синџир.
Важно: Острете го често синџирот, но не симнувајте
премногу метал од него!
Главно ќе бидат доволни 2 или 3 поминувања со турпија.
Однесете го синџирот на острење во сервис ако самите
сте го остреле неколку пати претходно.
Правилно острење:
ВНИМАНИЕ: Користете само синџири и ленти за
водење конструирани за оваа пила (видете 10
„Извадок од списокот на резервни делови")!
(Сл. 60)
Сите запци треба да бидат со еднаква должина
(димензија а). Запци со различна должина
предизвикуваат нарамномерна работа на синџирот и
може да доведат до прекинувања на синџирот.
Минимална должина на забецот: 3 мм. Не острете го
синџирот кога ќе се достигне минималната должина на
забецот; во таква ситуација, синџирот мора да се замени
(видете 10 „Извадок од списокот на резервни делови" и
7‑4 „Замена на синџирот на пилата").
Дебелината на засекот е определена со растојанието
помеѓу граничникот на длабочината (тркалезниот преден
дел) и работ за сечење.
Најдобри резултати се добиваат со граничник‑дебел
0,64 мм (0,025 инчи).
ВНИМАНИЕ: Прекумерната
длабочина го зголемува ризикот
од повратен удар!
(Сл. 61)
Аголот на острење (α) мора да биде ист за сите запци!
30° за синџири од тип 092 (91VG), 492 (91PX), 290 (90SG),
291 (90PX)
Запците автоматски ќе го имаат правилниот агол (b) ако
се користи соодветна кружна турпија.
80° за синџири од тип 092 (91VG), 492 (91PX)
75° за синџир од тип 290 (90SG), 291 (90PX)
Различните агли може да доведат до нерамна и
нерамномерна работа на синџирот, до забрзано абење и
кинење на синџирот.
134
Турпии и работа со нив
За острење, користете специјална кружна турпија
за синџир на пила. Стандардните кружни турпии се
непогодни. Видете 10 „Извадок од списокот на резервни
делови".
Тип 092 (91VG), 492 (91PX): Кружна турпија за синџир на
Тип 290 (90SG), 291 (90PX): Кружна турпија за синџир на
(Сл. 62)
Турпијата треба да го зафати материјалот само кога ја
туркате нанапред (стрелка). Подигнете ја турпијата кога ја
враќате назад.
Најпрвин наострете го најкусиот забец. Должината на
овој забец, тогаш е мерило за сите останати запци на
синџирот.
Новонаострените запци мора да бидат обликувани со
турпијата со потполно ист облик како и употребените
запци, вклучувајќи и нивните работни површини.
Користете ја турпијата во зависност од типот на синџир
(под 90° или под 10° во однос на лентата за водење).
(Сл. 63)
Полесно ќе ја водите ако го користите држачот на
турпијата. Тој е обележан за точниот агол на острење од:
α = 30°
(Одржувајте ги ознаките паралелно со синџирот кога
ја користите турпијата, видете слика) и ја ограничува
длабочината на сечење на правилни 4/5 од дијаметарот на
турпијата.
(Сл. 64)
По острењето на синџирот, проверете ја височината
на граничнкот за длабочина со помош на мерачот на
синџирот. Видете 10 „Извадок од списокот на резервни
делови".
Корегирајте ја и најмалата прекумерна височина со
специјална плосна турпија (1). Видете 10 „Извадок од
списокот на резервни делови".
Заоблете го предниот дел на граничникот за длабочината
(2).
7-2. Чистење на внатрешноста на
штитникот на синџирникот
ВНИМАНИЕ: Пред изведување какви било работи
на лентата за водење или синџирот, секогаш
исклучувајте го моторот и вадете го капачето на
свеќичката (видете 7‑6 „Замена на свеќичката").
Секогаш носете заштитни ракавици!
ВНИМАНИЕ: Стартувајте ја синџирната пила само
откако целосно ќе ја склопите и проверите.
(Сл. 65)
Извадете го штитникот на синџирникот (1) (видете
6 „СТАРТУВАЊЕ" за точниот модел) и исчистете ја
внатрешноста со четка.
Извадете ги синџирот (2) и лентата за водење (3).
НАПОМЕНА:
Осигурете се да нема остатоци од надворешни материјали
што преостануваат во жлебот за водење на маслото (4)
или на затегнувачот на синџирот (5).
пила, дијаметар 4,0 мм
пила, дијаметар 4,5 мм.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents