Одржување - Makita EA3600F Instruction Manual

Petrol chain saw
Hide thumbs Also See for EA3600F:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Осигурете се дека синџирната пила е исклучена и капачето на свеќичката
извадено пред да извршувате одржување или проверка.
• Почекајте да се олади моторот пред да извршувате одржување.
• Секогаш носете заштитни ракавици.
• Стартувајте ја синџирната пила само откако целосно ќе ја склопите и
проверите.
• Држете се подалеку од отворен пламен и не пушете.
ВНИМАНИЕ:
• За да ги одржите БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, сите
поправки, работи за одржување или прилагодување што не се вклучени
во ова упатство, треба да се извршуваат од страна на овластени сервисни
центри на Makita. Секогаш користете резервни делови за замена Makita.
Острење на синџирот на пилата
Синџирот треба да се наостри кога:
• Струготините од сечењето изгледаат во вид на прав.
• Синџирот навлегува во дрвото само со употреба на силен притисок.
• Работ за сечење е очигледно оштетен.
• Пилата завлекува налево или надесно при сечењето. Тоа настанува бидејќи
синџирот не е рамномерно наострен.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
• Острете го често, но не симнувајте премногу метал од него. Вообичаено,
доволни се две или три повлекувања со турпијата.
• Однесете го синџирот на острење во сервисен центар ако самите сте го
остреле неколку пати претходно.
Правилно острење
ВНИМАНИЕ:
• Користете само синџири и ленти за водење предвидени за оваа пила.
• Прекумерната длабочина (3) го зголемува ризикот од повратен удар.
Критериуми за острење (за синџир на пила 91PX)
- Одржувајте ги сите делови на секачот (1) на синџирот на пилата
подеднакво долги. Делови на секачот со различна должина предизвикуваат
нарамномерна работа на синџирот и може да доведат до прекинувања на
синџирот.
- Минимална должина на секач (2): 4 мм. Не острете го синџирот кога
должината на делот на секачот падне под 4 мм. Во тој момент, заменете го
синџирот на пилата.
- Длабочината на сечење (3) е определена од разликата на височината помеѓу
мерачот за длабочината (тркалезниот преден дел) и работ за сечење.
- Најдобри резултати се добиваат со длабочина од 0,64 мм (0,025 инчи).
- Одржете го истиот агол на острење од 30° за сите делови на секачот.
- Користете соодветна кружна турпија за да се одржи правилен агол на
острење на запците од 55°.
- Наострете ги секачите под соодветен агол, во спротивно, може да дојде
до нерамномерно и неправилно работење на синџирот, и да резултира со
зголемено абење и кршење на синџирот на пилата.
1
145
3
1
1
2
55
55
3

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3601f

Table of Contents