6B-3. Проверка На Затегнатоста На Синџирот; 6B-4. Презатегнување На Синџирот На Пилата; 6C. Само За Модели Со Брз Затегнувач За Штитникот На Синџирникот (Tlc); 6C-1. Монтирање На Лентата За Водење И Синџирот На Пилата - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6b-3. Проверка на затегнатоста на
синџирот
(Сл. 40)
Затегнатоста на синџирот е правилна ако синџирот лежи
на долната страна од лентата за водење и може лесно да
се движи со рака.
Додека го правите тоа, сопирачката на синџирот мора да
биде ослободена.
Проверувајте ја често затегнатоста на синџирот‑ бидејќи
новите синџири се подложни на издолжување со текот на
употребата!
Додека ја проверувате затегнатоста на синџирот, моторот
мора да биде исклучен.
НАПОМЕНА: Се препорачува да се користат 2‑3 синџири
наизменично.За да можеме да гарантираме рамномерно
абење на лентата за водење, лентата морате да ја свртите
секој пат кога го заменувате синџирот.
6c. Само за модели со брз затегнувач за штитникот на синџирникот
(TLC)
ВНИМАНИЕ:
Пред изведување какви било работи на лентата
за водење или синџирот, секогаш исклучувајте
го моторот и вадете го капачето на свеќичката
(видете 7‑6 „Замена на свеќичката"). Секогаш
носете заштитни ракавици!
ВНИМАНИЕ:
Стартувајте ја синџирната пила само откако
целосно ќе ја склопите и проверите.
6c-1. Монтирање на лентата за водење и
синџирот на пилата
(Сл. 41)
Поставете ја пилата на стабилна површина и изведете ги
следниве работни чекори за да ги монтирате лентата за
водење и синџирот на пилата:
Ослободете ја сопирачката на синџирот со повлекување
на штитникот за рака (1) во насока на стрелката.
Свиткајте го брзиот затегнувач за штитникот на
синџирникот (2) (исто така видете ја сликата за
затегнување на синџирот на пилата).
Втиснете брзиот затегнувач за штитникот на синџирникот
силно наспроти тензијата на пружината и вртете го полека
во нaсока спротивна од стрелките на часовникот
додека не почувствувате дека зафатил. И понатаму
втиснувајте го и вртете до крај во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Повторно ослободете го брзиот затегнувач за штитникот
на синџирникот и вртете го во насока на стрелките
на часовникот за да го вратите во почетната положба.
Повторувајте ја оваа постапка додека штитникот на
синџирникот (4) не се одврти.
Заменете го штитникот на синџирникот(4).
(Сл. 42)
Поставете ја лентата за водење (5) и турнете ја наспроти
синџирникот (6).
(Сл. 43)
128
6b-4. Презатегнување на синџирот на
пилата
(Сл. 39)
Употребете го комбинираниот алат за да ги
олабавите навртките за прицврстување (2) за
околу еден круг.Подигнете го малку врвот на лентата
за водење и вртете затегнувачот на синџирот QuickSet
(10) надесно (во насока на стрелките на часовникот) сè
додека синџирот на пилата не легне на долната страна на
лентата за водење (видете го кругот).
Додека сè уште го држите подигнат врвот на лентата за
водење, стегнете ги навртките за прицврстување (2) со
универзалниот клуч.
Подигнете го синџирот (8) над синџирникот (7).
Воведете го синџирот од горе до половина во жлебот (9)
на лентата за водење.
ВНИМАНИЕ:
Имајте предвид дека рабовите за сечење долж горната
страна од синџирот мора да се насочени во истата насока
како стрелката!
(Сл. 44)
Повлечете го синџирот (8) околу носот на синџирникот
(10) на лентата за водење во насока на стрелката.
(Сл. 45)
Порманете го дупчето на штитникот на синџирникот (4) со
чепот (11).
Свртете го затегнувачот на синџирот (3, видете 6c‑2
„Затегнување на синџирот на пилата") за да го порамните
чепот на затегнувачот на синџирот (12) со дупчето во
лентата за водење.
Порманете го дупчето на штитникот на синџирникот (4) со
чепот (11).
6c-2. Затегнување на синџирот на пилата
(Сл. 46)
Истовремено силно притиснете на брзиот затегнувач на
штитникот на синџирникот (2) и свртете го во насока на
стрелките на часовникот за да го завртите штитникот на
синџирникот, но сè уште не затегнувајте го.
Подигнете го малку врвот од лентата за водење и вртете
го затегнувачот на синџирот (3) во насока на стрелките
на часовникот додека синџирот на пилата не легне на
долната страна на лентата за водење (видете го кругот).
Втиснете го повторно брзиот затегнувач на штитникот
на синџирникот (2) и затегнете со вртење во насока на
стрелките на часовникот.
(Сл. 47)
Олабавувајте го затегнувачот на синџирот на штитникот
на синџирникот додека не почне да се врти слободно, а
потоа свиткајте го помеѓу заштитните ребра (15) како што
е покажано на сликата.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents