Пред употреба темелно прочитајте ги овие упатства за безбедност.
Набедените предупредувања се многу важни мерки на претпазливост, кон кои треба да се
придржувате.
Сликите се прикажани само за илустрација. Кај некои модели чиј капацитет на ладење
надминува 4600W (17000BTU/h) струјните кабли немаат приклучница! Затоа Ве молиме
референца да Ви бидат вистинските уреди.
Апсолутно забрането
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Клима уредот мора да е заземјен. Непотполното
заземјување може да резултира со струен удар.
Не го тегнете струјниот кабел за време на работа.
Тоа може да предизвика пожар. За исклучување,
исклучете го уредот, фатете ја приклучницата и
исклучете ја од штекер.
Не го продолжувајте струјниот кабел со поврзување
со друг кабел или со употреба на продолжен кабел.
Не вклучувајте други уреди во штекерот.
Не го оштетувајте и не го продолжувајте струјниот
кабел. Ставањето тешки предмети врз струјниот
кабел, приближување на кабелот до извори на
топлина или продолжување на струјниот кабел може
да предизвика струен удар или пожар.
Не го изложувате своето тело подолго време
директно на ладен (или топол) воздух. Не ја ладете
и не ја загревајте просторијата премногу. Тоа може
да влијае на Вашата состојба и да предизвика
здравствени проблеми.
Уредот не е наменет за употреба од страна на мали
деца или немоќни лица без надзор.
Исклучете од штекер или исклучете го напојувањето
доколку имате намера да не го користите клима
уредот подолго време. (Насобраната нечистотија би
можела да предизвика пожар).
За да се избегнат можните струјни удари треба да
се стави осигурувач со наведениот капацитет.
Не ставајте предмети кои согореваат на места
изложени на протокот на воздух, бидејќи може да
дојде до непотоплно согорување.
Мора да се направи