Забелешки за дисковите
• За да го одржите дискот чист, држете
го дискот за неговите краеви. Не
допирајте ја површината.
• Не лепете хартија или леплива лента
на дискот.
• Не изложувајте го дискот на директна
сончева светлина или на топлотни
извори како што се каналите за топол
воздух или не оставајте го во
автомобил паркиран на директна
сончева светлина бидејќи
температурата во автомобилот може
значително да се зголеми.
• По репродуцирањето, ставете го
дискот во неговото пакување.
• Пред репродуцирање, исчистете го
дискот со материјал за чистење.
Бришете го дискот од центарот кон
надвор.
• Не користете растворувачи како што
е бензин, разредувач, комерцијално
достапни средства за чистење или
антистатичен спреј наменет за винил LP.
Овој систем може да репродуцира само
стандарден кружен диск. Користењето
на дискови коишто не се ниту
стандардни ниту кружни (пр. во форма
на картичка, срце или ѕвезда) може да
предизвика дефект.
Не користете диск кој има прикачен
комерцијално достапен додаток, како
што е етикета или прстен.