Sony BDV-E6100 Reference Manual page 67

Blu-ray disc/dvd home theatre system
Hide thumbs Also See for BDV-E6100:
Table of Contents

Advertisement

Овој симбол на производот или на
неговата амбалажа покажува дека со овој
производ не треба да се постапува како со
домашен отпад. Наместо тоа треба биде
предаден на применливото збирно место за
рециклирање на електрична и електронска
опрема. Со правилно отстранување на
производот ќе помогнете да се спречат
потенцијални негативни последици за
природата и здравјето на човекот, кои
инаку може да се предизвикаат со
несоодветно постапување со отпадот на
овој производ. Рециклирањето на
материјалите ќе помогне за заштита на
природните богатства. За подетални
информации за рециклирањето на овој
производ, контактирајте со локалната
месна заедница, сервисот за отстранување
на домашен отпад или со продавницата
каде што го купивте овој производ.
Само за
Европа
Овој симбол на батеријата или на
амбалажата покажува дека со батеријата
којашто е дадена со овој производ не треба
да се постапува како со домашен отпад.
Кај определени батерии овој симбол може
да се користи во комбинација со хемиски
симбол. Хемиските симболи за жива (Hg)
или олово (Pb) се додаваат ако батеријата
содржи повеќе од 0,0005% жива или 0,004%
олово.
Со правилно отстранување на овие
батерии ќе помогнете да се спречат
потенцијално негативни последици за
природата и здравјето на човекот, кои
инаку може да се предизвикаат со
несоодветно постапување со отпадот на
батеријата. Рециклирањето на
материјалите ќе помогне за заштита на
природните богатства.
Во случај на производи кои од безбедносни
причини, поради изведба или интегритет
на податоци имаат потреба од трајна
поврзаност со вметната батерија, оваа
батерија треба да ја замени само
квалификуван персонал.
За да бидете сигурни дека со батеријата ќе
се постапи соодветно, предадете го
потрошениот производ на применливото
збирно место за рециклирање на
електрична и електронска опрема.
За сите други батерии, погледнете го делот
за тоа како безбедно да се отстрани
батеријата од производот. Батеријата
предадете ја на применливото збирно
место за рециклирање на отпадни батерии.
За подетални информации за
рециклирањето на овој производ или
батеријата, контактирајте со вашата
локална месна заедница, вашиот сервис за
отстранување на домашен отпад или со
продавницата каде што го купивте овој
производ.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bdv-e4100Bdv-ef1100Bdv-e3100Bdv-e2100

Table of Contents