Мерки За Претпазливост - Sony BDV-E6100 Reference Manual

Blu-ray disc/dvd home theatre system
Hide thumbs Also See for BDV-E6100:
Table of Contents

Advertisement

Мерки за претпазливост
• Ако цврст објект или течност падне во
кутијата, исклучете го системот и нека
го провери квалификувано лице пред
да го користите пак.
• Не допирајте го кабелот за напојување
со наизменична струја (ел. енергија) со
мокри раце. Тоа може да предизвика
електричен удар.
Ако не планирате подолго време да го
користите системот, осигурете се дека
сте го исклучиле системот од ѕидниот
штекер. Фатете го самиот приклучок,
никогаш не влечете го кабелот за да го
исклучите кабелот за напојување со
наизменична струја.
• Поставете го системот на локација со
соодветна вентилација за да спречите
зголемување на топлина во системот.
• Иако главниот уред се загрева за време
на работата, ова не претставува
дефект. Ако постојано многу го
користите главниов уред,
температурата на кутијата на врвот, од
страните и на дното значително се
зголемува. За да не се изгорите, не ја
допирајте кутијата.
• Не поставувајте го главниот уред на
мека површина (ќилим, ќебиња итн.)
бидејќи тоа може да ги блокира
отворите за вентилација.
• Не монтирајте го системот во близина
на топлотни извори, како што се
радијатори, воздушни канали или на
место кое е на директна сончева
светлина, прекумерна прашина,
механички вибрации или шок.
• Не го монтирајте системот во навалена
позиција. Тој е дизајниран за да работи
само во хоризонтална положба.
• Држете ги системот и дисковите
подалеку од компоненти со силни
магнети, како што се микробранови
печки или големи звучници.
• Не поставувајте тешки објекти врз
системот.
• Не поставувајте метални објекти пред
предниот панел. Тоа може да го
ограничи приемот на радиобранови.
• Не поставувајте го системот на места
каде што се користи медицинска
опрема. Може да предизвика дефект
на медицинската опрема.
• Ако користите пејсмејкер или друг
медицински уред, консултирајте се со
вашиот лекар или производителот на
медицинскиот уред пред да ја
користите безжичната функција LAN.
Ако системот се внесува директно од
ладна во топла локација или се
поставува во многу влажна просторија,
влагата може да се кондензира на леќите
во уредот. Ако се случи ова, системот
нема работи правилно. Во тој случај,
отстранете го дискот и системот
оставете го вклучен околу половина час
сè додека влагата не испари.
Не зголемувајте ја јачината на звукот
додека слушате делови со многу мал
капацитет или без аудио сигнали. Ако го
направите тоа, звучниците може да се
оштетат кога одеднаш ќе се пушти дел со
максимално ниво.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Bdv-e4100Bdv-ef1100Bdv-e3100Bdv-e2100

Table of Contents