Makita 4101RH Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for 4101RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
15. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето и
прекумерно насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
16. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат
пожар.
Повратен удар и поврзани предупредувања
Повратен удар е ненадејна реакција на тркалото
што се врти кога ќе се зафати или ќе се заглави.
Зафаќањето или заглавувањето предизвикуваат
нагло запирање на вртењето на тркалото што
предизвикува неконтролирано алатот да биде
отфрлен во насока спротивна од вртењето на
тркалото во точката на врзување.
На пример, ако абразивно тркало се зафати или се
заглави во работниот материјал, работ на тркалото
што навлегува во точката на заглавување може
да се вкопа во површината на материјалот што
ќе предизвика тркалото тркалото да се придвижи
нагоре или да отскокне. Тркалото може да отскокне
кон или настрана од операторот, зависно од
насоката на движење на тркалото во точката на
заглавување. Абразивните тркала може и да се
скршат во такви услови.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или неправилни работни постапки
и услови, и може да се избегне со преземање
соодветни мерки на претпазливост, како што е
наведено подолу.
а) Цврсто држете го алатот и наместете
ги телото и раката така што ќе можат да
ги издржат силите од повратен удар.
Секогаш користете помошна рачка, ако ја
има, за максимална контрола при повратен
удар или торзиона реакција за време
на стартувањето. Операторот може да ги
контролира торзиските реакции и силите на
повратниот удар ако се преземат соодветни
предострожности.
б) Не ставајте ја раката близу до вртлив
додаток. Додатокот може да ви се одбие преку
раката.
в) Не поставувајте го телото во линија
со вртливото тркало. Повратниот удар
ќе го фрли алатот во насока спротивна
од движењето на тркалото во точката на
заглавување.
г) Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот. Аглите,
острите рабови и отскокнувањето можат да го
заглават вртливиот додаток и да предизвикаат
губење контрола или повратен удар.
д) Не поставувајте синџирна пила, сечило за
дрворез, сегментирано дијамантско тркало
со периферно растојание поголемо од 10 мм
или назабена пила. Таквите сечила создаваат
повратен удар и губење на контролата.
ѓ) Не заглавувајте го тркалото и не
притискајте прекумерно. Не обидувајте се
да сечете предлабоко. Пренапрегнувањето
на тркалото го зголемува оптоварувањето
и можноста за извиткување или лепење на
тркалото во засекот, и со тоа за повратен удар
или кршење на тркалото.
е) Кога тркалото се лепи или кога сечењето
се прекинува поради нешто, исклучете
го алатот и држете го неподвижен додека
тркалото не сопре целосно. Не обидувајте
се да го извадите тркалото од засекот
додека тркалото се движи, инаку може
да дојде до повратен удар. Испитајте
и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
ж) Не почнувајте со сечењето повторно
додека тркалото е во работниот материјал.
Оставете тркалото да достигне полна
брзина и внимателно влезете повторно
во засекот. Тркалото може да се залепи, да
осцилира или да дојде до повратен удар ако
алатот се активира повторно во материјалот.
з) Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на тркалото и повратен
удар. Големи парчиња материјал обично се
виткаат од сопствената тежина. Држачите
треба да се стават под материјалот, близу до
линијата на сечење и до работ на материјалот
од двете страни на тркалото.
ѕ) Бидете особено внимателни кога
правите засек во постојни ѕидови или
други слепи подрачја. Тркалото, за време
на навлегувањето, може да исече водоводни
или цевки за плин, електрични инсталации или
предмети што може да предизвикаат повратен
удар.
17. Пред да употребите сегментирано
дијамантско тркало, осигурете се дека
дијамантското тркало има периферно
растојание од 10 мм или помало, само со
негативен агол.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
18. Никогаш не обидувајте се да сечете со
алатот додека го држите стегнат во менгеме
наопаку. Тоа е многу опасно и може да
доведе до сериозни несреќи.
19. Некои материјали содржат хемикалии што
можат да бидат отровни. Избегнувајте
вдишување на прашината и избегнувајте
контакт на прашината со кожата. Следете
ги упатствата од производителот на
материјалот.
20. Складирајте ги тркалата во согласност со
препораките на производителот. Ако се
складираат несоодветно, тркалата може да
се оштетат.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
32 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents