Makita 4101RH Instruction Manual page 31

Hide thumbs Also See for 4101RH:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
вибрациите при фактичкото користење на алатот
може да се разликува од номиналната вредност,
зависно од начинот на којшто се користи алатот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги утврдите безбедносните мерки за заштита
на операторот врз основа на проценка на
изложеноста при фактичките услови на употреба
(земајќи ги предвид сите делови на работниот
циклус, како периодите кога алатот е исклучен и
кога работи во празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност од ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од ЕУ е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства. Ако
не се почитуваат предупредувањата и упатствата, може
да дојде до струен удар, пожар или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и
упатства за да можете повторно да ги
прочитате.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СЕКАЧОТ
Штитникот што е обезбеден со алатот
1.
мора да биде цврсто поставен на алатот и
позициониран да обезбедува максимална
сигурност, такашто што е можно помал дел
од тркалото да е изложен кон операторот.
Позиционирајте се себе си и останатите
лица околу вас подалеку од рамнината на
тркалото што врти. Штитникот помага во
заштита на операторот од скршени фрагменти
од тркалото и од случаен допир со тркалото.
Користете само дијамантски тркала за
2.
сечење за вашиот алат.Тоа што некој додаток
може да се монтира на алатот, не е гаранција
дека ракувањето ќе биде безбедно.
Номиналната брзина на додатокот мора
3.
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоци што се
вртат побрзо од номиналната брзина може да
се скршат и да се распрскаат.
Тркалата смее да се користат само за
4.
препорачаните намени. На пример: не
брусете со страната на тркало за сечење.
Абразивните тркала за сечење се наменети за
периферно брусење, странични сили нанесени
на таквите тркала може да ги распрснат.
Секогаш користете неоштетени фланши
5.
за тркалото што се со правилен пречник
за избраното тркало. Соодветните фланши
за тркалото го држат и со тоа ја намалуваат
можноста тоа да се скрши.
Јачината на
Погрижете се да
31 МАКЕДОНСКИ
Надворешниот пречник и дебелината
6.
на додатокот мора да се во рамките на
номалниот капацитет на алатот. Додатоци со
неправилна големина не можат соодветно да
се заштитат или контролираат.
Големината на отворот на тркалата и
7.
фланшите мора правилно да одговара на
вретеното на алатот. Тркалата и фланшите со
отвори што не соодветствуваат на монтажната
опрема на алатот ќе бидат неврамнотежени, ќе
вибрираат прекумерно и може да предизвикаат
губење контрола.
Не користете оштетени тркала. Пред секоја
8.
употреба, проверете ги тркалата да не
се скршени или напукнати. Ако алатот
или тркалото ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетено
тркало. Откако ќе го проверите и ќе го
наместите тркалото, поставете се себеси
и околните лица подалеку од рамнината
вртливото тркало и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина една
минута. Оштетени тркала обично се распаѓаат
за време на овој пробен период.
Носете заштитна опрема. Зависно од
9.
примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска
за прашина, ракавици и престилка што може
да сопре мали отпадоци од брусење или
стругање. Заштитата за очи треба да сопира
разлетан отпад произведен од работата.
Маската за прашина или респираторот треба
да можат да ги филтрираат честичките што
ги произведува вашата работа. Подолга
изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
10. Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје.
Секој што влегува во работното подрачје
треба да носи заштитна опрема. Парчиња
од обработуваниот материјал или од скршено
тркало може да одлетаат и да предизвикаат
повреди надвор од непосредното работно
подрачје.
Држете го алатот само за изолираните
11.
држачи кога вршите работи кога додатокот
за сечење може да дојде во допир со
скриени жици или сопствениот кабел.
Додаток за сечење што ќе допре жица
под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
12. Поставете го кабелот подалеку од
вртливиот додаток. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат во
вртливото тркало.
13. Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливото тркало може да ја
зафати површината и да го извлече алатот од
контрола.
14. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот
додаток може да ви ја зафати облеката и да ве
повреди.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents