Makita LS1219 Instruction Manual page 111

Slide compound miter saw
Hide thumbs Also See for LS1219:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЗАБЕЛЕШКА:
Долните граничници се
фиксирани фабрички на основата. Не
отстранувајте ги долните граничници.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако горниот граничник е сè
уште лабав по затегнувањето на стезните
завртки, свртете ја завртката за нагодување за
да го затворите јазот. Завртката за нагодување
е фабрички нагодена. Не морате да ја користите
доколку не е потребно.
Горните граничници можете да ги чувате на држачот
кога не се во употреба. Користете ја спојката на
горниот граничник за да ги чувате на држачот.
► Сл.39: 1. Држач 2. Горен граничник 3. Стега
Вертикално менгеме
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
материјал мора да биде добро прицврстен
до вртливата основа и насочниот граничник
со менгемето за време на целата работа. Ако
работниот материјал не е правилно прицврстен
до граничникот, материјалот може да се
движи за време на сечењето и да предизвика
можно оштетување на ножот, предизвикувајќи
материјалот да биде отфрлен и да дојде до загуба
на контролата предизвикувајќи тешка телесна
повреда.
► Сл.40: 1. Рачка на менгеме 2. Шипка на менгеме
3. Стезна завртка 4. Копче на менгеме
Вертикалното менгеме може да се монтира во
две положби, од левата или од десната страна на
основата. Вметнете ја шипката на менгемето во
дупката во основата.
Позиционирајте ја рачката на менгемето во
согласност со дебелината и обликот на работниот
материјал, и прицврстете ја рачката на менгемето
вртејќи ја завртката. Доколку стезната завртка дојде
во допир со носачот, монтирајте ја на спротивната
страна на рачката на менгемето. Погрижете се
ниту еден дел од алатот да не биде во допир со
менгемето кога целосно ќе ја спуштите рачката.
Ако некој дел дојде во допир со менгемето, одново
позиционирајте го менгемето.
Притиснете го работниот материјал до насочниот
граничник и вртливата основа. Позиционирајте
го работниот материјал на саканата положба за
сечење и прицврстете го со стегнување на тркалото
на менгемето.
НАПОМЕНА: За брзо поставување на работиот
материјал, вртењето на копчето на менгемето на
90° налево овозможува копчето за менгеме да
се движи нагоре и надолу. За да го прицврстите
работниот материјал по поставувањето, вртете го
копчето на менгемето надесно.
Работниот
111 МАКЕДОНСКИ
Хоризонтално менгеме
Опционален прибор
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ја навртката на менгемето надесно додека
работниот материјал не се прицврсти добро.
Ако работниот материјал не е добро прицврстен,
материјалот може да се придвижи за време на
сечењето и да предизвика можно оштетување
на ножот, што ќе предизвика материјалот да
биде отфрлен и загуба на контрола што може да
резултира со тешка телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
работен материјал, како на пример, основни
греди, со граничникот, секогаш користете го
хоризонталното менгеме.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете работен
материјал со дебелина од 20 мм или помала,
осигурете се дека користите парче-сепаратор
за обезбедување на работниот материјал.
Хоризонталното менгеме може да се монтира во
две положби, од левата или од десната страна
на основата. Кога изведувате напречно косо
сечење под агол од 22,5° или поголем, монтирајте
го хоризонталното менгеме од страната што е
спротивна на насоката во која треба да се сврти
вртливата основа.
► Сл.41: 1. Плоча на менгеме 2. Навртка на
менгеме 3. Копче на менгеме
Со превртување на навртката на менгемето налево,
менгемето се ослободува и нагло почнува да се
движи навнатре и нанадвор. За да го прицврстите
работниот материјал, туркајте го копчето на
менгемето нанапред додека плочата на менгемето
не дојде во допир со работниот материјал, а потоа,
превртете ја навртката на менгемето надесно.
Потоа, стегнете го копчето на менгемето надесно за
да го прицврстите работниот материјал.
НАПОМЕНА: Максималната широчина на
работен материјал што може да се прицврсти со
хоризонталното менгеме е 228 мм.
Држачи
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
поддржувајте го долгиот работен материјал
за да биде во рамна положба со горната
површина на вртливата основа за да се изведе
прецизно сечење и да се спречи опасноста од
загуба на контролата. Правилната поддршка на
работниот материјал ќе помогне да се избегне
заглавување на ножот и можен повратен удар што
може да резултира со тешка телесна повреда.
За да се држат долгите работни материјали
хоризонтално има држачи од двете страни на
алатот. Олабавете ги завртките и проширете ги
држачите на соодветна должина за да го држат
работниот материјал. Потоа стегнете ги завртките.
► Сл.42: 1. Држач 2. Завртка
Секогаш вртете
Кога сечете слаб
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ls1219l

Table of Contents