Download Print this page

Makita 4131 Instruction Manual page 37

Metal cutter
Hide thumbs Also See for 4131:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Надолжен потпирач (водилна
шина) (Прибор)
► Сл.9: 1. Надолжен потпирач (водилна шина)
2. Шраф
Практичниот надолжен потпирач (водилна шина) овозможува
да се сече право со посебна предизност. Едноставно
притиснете го потпирачот од страната на материјалот и
прицврстете го во таа положба со завртката за стегање од
предниот дел на основата. Тоа овозможува и изведување
прави засеци со еднообразна ширина повеќе пати.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Никогаш немојте да го завртувате или да го
форсирате алатот во засекот. Тоа може да
предизвика преоптовареност на моторот и/или
опасен повратен удар, што може да резултира
со сериозна повреда кај операторот.
► Сл.10: 1. Сечило со карбидни запци 2. Материјал
Цврсто држете го алатот со двете раце. Поставете
ја плочата на основата врз работниот материјал
што ќе го сечете без сечилото да го допира. Потоа
вклучете го алатот и почекајте додека сечилото не
достигне полна брзина. Движете го алатот напред
преку површината на материјалот, држејќи го рамно
и напредувајќи полека додека не заврши сечењето.
Напредувајте со сечењето праволиниски и вашата
брзина на напредување држете ја константна.
Прозорецот за преглед во основата овозможува
лесна проверка на растојанието помеѓу предниот раб
на сечилото и работниот материјал кога сечилото е
поставено на максимална дебелина на сечење.
► Сл.11: 1. Прозорец за преглед 2. Материјал
НАПОМЕНА:
При косо сечење и слично, понекогаш
понискиот штитник не се движи лесно. Во
таква ситуација, употребете ја вовлечната
рачка за подигнување на понискиот штитник
и штом сечилото навлезе во материјалот,
отпуштете ја вовлечната рачка.
► Сл.12: 1. Вовлечен лост
ВНИМАНИЕ:
Не употребувајте деформирано или
напукнато сечило. Заменете го со ново.
Не наслагајте ги материјалите кога ги сечете.
Немојте да сечете зајакнат челик, не'рѓосувачки
челик, алуминиум, дрво, пластика, бетон,
плочки итн. Сечете само мек челик.
Не допирајте ги сечилото, работниот
материјал ниту деланките од сечењето со голи
раце веднаш по работата, затоа што може да
се многу жешки и да ви ја изгорат кожата.
Секогаш користете ги сечилата со карбидни
запци кои се соодветни за работата што ја
изведувате. Употребата на несоодветни сечила
може да предизвика слаба изведба во сечењето
и/или да претставува ризик од телесна повреда.
Отстранување на деланките
► Сл.13: 1. Прозорец за преглед
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурете се алатот да е исклучен
и кабелот извлечен од напојување пред да
монтирате или извадите капак за прашина..
Капакот за прашина може да се вжешти
поради жешките деланки. Немојте да ги
допирате деланките од сечењето или капакот
за прашина со голи раце.
Кога деланките од сечењето станат видливи низ
прозорецот за преглед, отстранете ги.
Притиснтете го и свртете го лостот во насока на
стрелките на часовникот на симболот
го капакот за прашина. Отстранете ги деланките од
сечењето насобрани внатре во капакот за прашина.
► Сл.14: 1. Капак на резервоар за прав 2. Копче
ВНИМАНИЕ:
Не превртувајте го алатот наопаку. Деланките
од сечењето насобрани внатре во капакот
за прашина може да испаднат надвор од
капакот за прашина.
Внимателно ракувајте со капакот за прашина
така што да не се деформира или оштети.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, проверете
дали алатот е исклучен и откачен од струја.
Исчистете ги горниот и долниот штитник за
да нема насобрани метални делканици кои
може да го нарушат работењето на долниот
систем за заштита. Ако системот за заштита
е нечист, може да го ограничи правилното
функционирање што може да доведе до тешка
телесна повреда. Кога користите компресиран
воздух за раздувување на металните
делканици од штитниците, носете соодветна
заштита за очи и заштита за дишење.
За чистење, не користете нафта, бензин,
разредувач, алкохол или слично. Тие
средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Проверка на сечилото
Внимателно проверувајте дали сечилото
има пукнатини или оштетување пред и по
употребата. Напукнатото или оштетеното
сечило заменете го веднаш.
Ако се продолжува да се користи истапено
сечило, тоа може да предизвика опасен
повратен удар и/или преоптовареност на
моторот. Заменете го со ново сечило штом не
сече ефикасно повеќе.
Сечилата со карбидни запци за секачот за
метал не може да се острат.
37 МАКЕДОНСКИ
и отстранете

Advertisement

loading