Download Print this page

Makita 4131 Instruction Manual page 36

Metal cutter
Hide thumbs Also See for 4131:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка на
алатот проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Дотерување на длабочината на
сечењето
► Сл.1: 1. Рачка 2. Водилка за длабочина
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина
и помесетете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на рачката.
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја дотерате длабочината за
сечење, секогаш затегнете ја рачката.
Нишанење
► Сл.2: 1. Линија на сечење
При сечењето, порамнете ја положбата „А" на
предниот дел од основата со вашата линија за
сечење на работниот материјал.
Вклучување
ВНИМАНИЕ:
Пред да го приклучите кабелот во
мрежата, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За алат со копче за одблокирање
► Сл.3: 1. Прекинувач 2. Копче за забравување
За да не дојде до случајно притискање на
прекинувачот, алатот има копче за забравување.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за отклучување и притиснете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за исклучување на
алатот.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го силно прекинувачот без
да го притиснете копчето за заклучување.
Тоа може да предизвика кршење на
прекинувачот.
За алат без копче за одблокирање
► Сл.4: 1. Прекинувач
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за исклучување на алатот.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на алатот,
проверете дали е исклучен и откачен од
струја.
Монтирање или отстранување на
сечилото
► Сл.5: 1. Капак на резервоар за прав 2. Копче
► Сл.6: 1. Имбус клуч 2. Забравник на вретеното
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч Makita обезбеден за
монтирање или демонтирање на сечилото.
Ако не го користите тој клуч, можете да
ја стегнете шестоаголната завртка или
премногу или недоволно. Тоа може да
предизвика сериозна повреда кај операторот.
Не допирајте го сечилото со голи раце
веднаш по работата, затоа што може да
е многу жежок и да ви ја изгори кожата.
Ставете ракавици кога отстранувате жешко
сечило.
За да го остраните сечилото, прво притиснете го
и свртете го лостот кој го прицврстува капакот за
прашина во насока на стрелките на часовникот на
симболот
и отстранете го капакот за прашина.
Притиснете го блокаторот на осовината така што
сечилото да не врти и со имбус-клучот олабавете
ја шестоаголната завртка во насока спротивна
на стрелките на часовникот. Потоа отстранете ги
надворешната фланша и сечилото.
За да го наместите сечилото, следете ја постапката
за отстранување по обратен редослед. Секогаш
монтирајте го сечилото така што стрелката на
сечилото да покажува во истата насока како и
стрелката на куќиштето на сечилото.
ДОБРО СТЕГНЕТЕ ЈА ИМБУС-ЗАВРТКАТА.
► Сл.7: 1. Завртка со имбус-глава 2. Надворешна
фланша 3. Сечило со карбидни запци
4. Внатрешна фланша
Откако ќе го монтирате сечилото, заменете
го капакот за прашина. Лизнете го капакот за
прашина нежно така што отворот на неговиот
преден дел да влезе во реброто на куќиштето на
сечилото. Осигурете се дека капакот за прашина
одговара правилно и потоа свртете го лостот во
насока обратна на стрелките на часовникот на
сибмолот
.
► Сл.8: 1. Отвор 2. Ребро
Чистење на штитникот на ножот
Кога менувате сечило, исто така, чистете ги горниот
и долниот штитник на сечилото од насобраните
метални делканици како што е опишано во делот
Одржување. Таквите дејства не ја заменуваат
потребата од проверка на функционирањето на
долниот штитник пред секоја употреба.
36 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading