Bosch Professional GCM 254 D Original Instructions Manual page 315

Hide thumbs Also See for Professional GCM 254 D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 30
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот алат. Електричните алати означени со
230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Пред сечењето затегнете го копчето за
u
фиксирање (12) и притиснете го копчето за
заклучување (13) надолу. Инаку сечилото за пила
може да се заглави во делот што се обработува.
Вклучување (види слика L)
– За ставање во употреба на електричниот алат
најпрво притиснете ја блокадата при вклучување (6).
Потоа целосно притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (35) и држете го притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (35) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Исклучување
– За исклучување отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (35).
Сечење
Општи напомени за сечење
Пред сечењето затегнете го копчето за
u
фиксирање (12) и притиснете го копчето за
заклучување (13) надолу. Инаку сечилото за пила
може да се заглави во делот што се обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ја
допре граничната водилка, столарските стеги или
другите делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
употреба.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на граничната водилка.
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може
правилно да функционира и дали може слободно да се
движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да
го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го
водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен
капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се
фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Bosch Power Tools
Позиција на корисникот (види слика M)
Не застанувајте во една линија со сечилото за пила
u
пред електричниот алат, туку секогаш странично од
сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е
заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (2)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (1), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (19).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го рачката на алатот од граничните водилки
(18), додека сечилото за пила не дојде пред делот што
се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(5).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (18) и (19) и сечете го делот што
се обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика N)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (1),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
алатот до крај во правец на граничните водилки (18) и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање (1).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (18) и (19).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(5).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Македонски | 315
1 609 92A 88N | (29.03.2023)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents