Не ставајте го уредот или испорачаниот дополнителен прибор во
очите, ушите или устата
Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни повреди.
Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion) батерија што
истекува
За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија,
контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Внимание
Доколку не се придржувате до безбедносните
предупредувања и прописи, може да настанат
повреди или оштетување на имотот
Не користете го уредот во близина на други електронски уреди
• Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали.
Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите
електронски уреди.
• Користењето податочна врска LTE може да предизвика пречки со
другите уреди, како што се аудио-опрема и телефони.
Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска
опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радио-
фреквенција
• Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од
15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во
работата на пејсмејкерот.
• За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете
го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од
пејсмејкерот.
• Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го
производителот на опремата пред да го користите уредот за
одредување дали опремата ќе биде под влијание на радио-
фреквенцијата емитувана од уредот.
Македонски
432