Skil 1018 Original Instructions Manual page 120

Cordless impact drill/driver
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се
извлече приклучникот од мрежната приклучница
ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРиЈА
• Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
• Не ги допирајте контактите во полначот
• Никогаш не ги изложувајте на дожд апаратот/
полначот/батеријата
• Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
• Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа
цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
• Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да
се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
• Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
• Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
• Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење
• Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 0...+45°C
- при работа –20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СиМБОЛиТЕ зА ПОЛНАЧОТ/
БАТЕРиЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Користете го полначот само во затворен простор
5 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
6 Во допир со оган батериите ќе експлодираат, затоа
не ги палете батериите од која било причина
7 Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во
просторија на температура пониска од 50°C
8 Не го фрлајте полначот во домашниот отпад
9 Не ја фрлајте батеријата во домашниот отпад
УПОТРЕБА
• Комбиниран прекинувач за вклучување/исклучување
и за контрола на брзината A 2
Брзината се контролира на степени од нула до
максимум со применување помалку или повеќе сила
врз активаторот
• Полнење на акумулаторска батерија 0
- полначот приклучете го на мрежен напон како на
илустрацијата 0a
- ќе се запали зелената лампичка B покажувајќи
дека полначот е подготвен за работа 0a
- батеријата ставете ја во полначот како на
илустрацијата 0b
! батеријата може да остане во алатот и кога се
полни. во тој случај алатот не може да се
вклучи
- зелената светилка B ќе трепка што посочува дека
батеријата се полни 0c
- по околу 1 час (2607225575) / 3 часа (2607226013),
батеријата ќе се наполни докрај и зелената
светилка B ќе свети постојано по трепкањето 0d
! откако батеријата ќе се наполни треба да се
извади од полначот, со што се продолжува
векот на траење на батеријата
ВАЖНО:
- ако зелената светилка B не трепка откако ќе се
вметне батеријата, тоа значи дека батеријата е
премногу студена или премногу врела (полначот
полни само батерии кога нивната температура е
меѓу 0° C и 45° C) 0e
- литиум-јонската батеријата може да се полни во
кое било време (прекинувањето на процесот на
полнење не ја оштетува батеријата)
- литиум-јонската батерија не мора да биде празна
пред да се полни (нема „ефект врз долготрајноста„
како кај никел-кадмиумските батерии)
- при полнење полначот и батеријата се загреваат;
тоа е нормално и не претставува никаков
проблем
- надворешните површини на батеријата треба да
бидат суви и чисти, пред да се стави батеријата во
полначот
- батеријата не смее да се вади во текот на
работата на апаратот
- доколку не го користете уредот подолго време,
извлечете го мрежниот приклучок на полначот од
приклучницата
- алатот се исклучува автоматски кога ќе се
испразни литиум-јонската батерија
- значително намалениот период на работа по
полнењето посочува дека батеријата е стара и
треба да се замени
• Промена на насоката на ротација !
- ако левата/десната позиција не легнат како што
треба, прекинувачот A 2 нема да може да
стартува
! менувајте ја насоката на ротацијата само кога
алатот се наоѓа во целосно мирување
• Промена на бургиите @
- вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во
држачот
! не употребувајте бургии со оштетена дршка
• Контрола на вртежниот момент (VariTorque) #
- излезниот обрт ќе се зголемува ако прстенот на
активаторот C се врти од 1 кон 19
- при завртување на некоја завртка најпрво
започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа
полека зголемувајте до достигнување на саканата
длабочина
- позицијата D ќе ја заклучи спојката за да
овозможи дупчење (без удари) или за извршување
тешки работи
- позицијата E ќе ја заклучи спојката за да
овозможи само вибрациско дупчење
! проверете дали изборот за брзина G е во
позиција HIGH (најголема) кога прстенот на
спојката C е во позиција за вибрациско
дупчење
! не користете ја позицијата за вибрациско
дупчење E за дупчење дрво, метал, керамика
и пластика за да спречите оштетување на
бургијата/навртката
120

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents