Makita DHR183 Instruction Manual page 65

Hide thumbs Also See for DHR183:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
Притиснете го копчето за проверка на касетата за батеријата
за укажување на преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички светнуваат неколку секунди.
► Сл.2: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи работниот
век на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе се
исклучи за време на работењето ако тој или батеријата
се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се работи на начин што
предизвикува повлекување прекумерно висока струја,
таа автоматски се исклучува без никаква индикација.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и запрете со
примената која предизвикала негово преоптоварување.
Потоа, повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот автоматски
запира. Во овој случај, оставете ги алатот и батеријата да
се оладат пред повторно да го вклучите алатот.
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, ламбичката
трепка.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
65 МАКЕДОНСКИ
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата нема да биде
доволен, алатот автоматски се исклучува. Во овој
случај, извадете ја батеријата од алатот и наполнете
ја.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран за
други причини што може да го оштетат алатот и
овозможува тој да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога алатот е доведен до привремено запирање или
престанување на работата.
1.
Исклучете го алатот и потоа повторно вклучете
го за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги алатот и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
► Сл.3: 1. Прекинувач
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
► Сл.4: 1. Ламба
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, ламбата
трепка. Во овој случај, отпуштете го прекинувачот
за стартување, а потоа оладете ги алатот/
батеријата пред повторно да работите со нив.
НАПОМЕНА: Предната ламба не може да се
користи додека системот за собирање прав
(опционален додаток) е монтиран во алатот.
Пред да ја

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents