Dremel 8240 Original Instructions Manual page 314

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
од правецот на вртење на брусната плоча
на местото на блокирање. Брусната плоча
може и да се искрши под вакви околности.
Повратниот удар е последица на погрешна
употреба на електричниот алат и/или
неисправно работење или услови, и може
да се избегне ако се преземат соодветните
долунаведени мерки на претпазливост.
a.
Електричниот алат држете го
цврсто и Вашето тело нека биде во
положба во која е во состојба да
им се спротивстави на силите на
повратниот удар. Оператерот може
да го контролира повратниот удар
доколку се преземат исправни мерки
на претпазливост.
b. Бидете посебно внимателни кога
работите на агли, остри рабови
и сл. Избегнувајте одбивање или
блокирање на приборот. Аглите,
острите рабови или одбивањето на
приборот доведуваат до блокирање на
ротациониот прибор и тоа може да
предизвика губење на контролата или
повратен удар.
c.
Немојте да приклучувате лист од
назабена пила. Таквите продолжетоци
честопати предизвикуваат повратен
удар и доведуваат до губење на
контролата.
d. Бургијата секогаш ставајте ја во
материјалот во истиот правец
како остриот крај кој излегува од
материјалот (кое е во истиот правец
во кој паѓаат отпадните иверки). Ако
алатот врти во погрешен правец,
тоа ќе предизвика остриот крај од
бургијата да излезе од работа и ќе го
повлече алатот во овој правец.
e.
Кога користите ротациона пила,
шајбни за сечење, високобрзински
секачи или секачи од волфрам и тврд
метал, обработуваното парче секогаш
нека биде безбедно прицврстено.
Овие шајбни ќе се заглават ако се
ставени лабаво во жлебот и може
да има повратен удар. Ако шајбната
за сечење се заглави, самата шајбна
обично ќе се скрши. Кога ротациската
турпија, високобрзинскиот секач или
секачот од волфрам или од тврд
метал ќе се заглават, тие можат да
испаднат од жлебот, а Вие може да ја
изгубите контролата над алатката.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВО ВРСКА СО БРУСЕЊЕТО И
АБРАЗИВНОТО СЕЧЕЊЕ
a.
Користете само шајбни кои се
препорачани за Вашиот електричен
алат и само за препорачани намени.
На пример: немојте да брусите со
бочната страна од брусната плоча.
Абразивните плочи за сечење се
предвидени за периферно брусење, а
бочната примена на сила врз брусната
плоча може да предизвика тие да се
се скршат.
b. За навојни абразивни конуси
и приклучоци користете само
неоштетени шајбни со осовинки со
необработени прирабници кои се
со исправна големина и должина.
Исправните осовинки ќе ја намалат
можноста за кршење.
c.
Избегнувајте да ја заглавувате
плочата за сечење или да
применувате премногу голем
притисок. Не обидувајте се да
правите премногу длабоко сечење.
Преоптоварувањето на брусната
плоча го зголемува напрегањето и
уште повеќе ја искривува или блокира
плочата, како и можноста за повратен
удар или кршење на плочата.
d. Не доведувајте го Вашето тело во
положба пред или зад ротирачката
шајбна плоча. Ако плочата на
местото на работење се движи од
Вашето тело нанапред, во случај на
повратен удар, електричниот алат со
ротирачката шајбна може да отскокне
директно кон Вас.
e.
Ако брусната плоча се заглави и иако
од било која причина престанете
со работата, исклучете го алатот и
држете го мирно сè додека брусната
плоча целосно не се смири. Никогаш
не обидувајте се да ја извадите
плочата за сечење од работното
парче додека брусната плоча сè
уште се врти, бидејќи во спротивно
314

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents