Samsung POWERbot VR R72 Series Quick Reference Manual page 48

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2
• При монтирање на приклучната станица, не
оставајте го кабелот на подот бидејќи POWERbot
може да се заплетка.
• Не употребувајте ја POWERbot на подови со црна
боја.
– Можно е POWERbot да не функционира
правилно.
• Не кревајте ја POWERbot за рачката од
кантичката за прав.
• Немојте да поставувате никакви предмети на
растојание до 0,5 m од двете страни ниту, пак,
на растојание до 1 m од предната страна на
приклучната станица.
• Проверете дали контактот за полнење на
приклучната станица е оштетен или дали има
некакви надворешни честички врз него.
• Не ја поставувајте приклучната станица во
просторија со темен под.
– Доколку подот околу приклучната станица е
темен, полнењето ќе биде попречено.
• Тргнете ги сите пречки што можат да ѝ попречат
на движењето на POWERbot (како лулашки за
деца или лизгалици) пред чистењето.
• Не ја користете POWERbot на места кои се
потесни од радиусот на вртење на POWERbot
(0,5 m или помалку).
• За да ги исчистите сите површини во вашата
куќа, отворете ги сите соби и поставете ги
граничните маркери на места каде што може
да се оштети POWERbot, како на пример, влезна
врата, тераса, купатило или скали.
• На местата со тесен премин во кој може да се
заглави POWERbot треба да поставите гранични
маркери за да го спречите POWERbot да влезе
во нив.
• Ако некоја четка или некој капак на четка не е
склопен правилно може да настанат гребнатини
на подот или дефект на производот.
• Пред да започнете да го користите POWERbot,
тргнете ги кршливите предмети како на пример,
рамка, огледало и порцелански предмети, за да
може POWERbot да работи непречено.
-4
Безбедносни информации
Македонски-6
При употреба
• Ако POWERbot се користи на дебел килим,
можно е да се оштетат и POWERbot и килимот.
– POWERbot не може да помине преку килим
што е подебел од 1 cm.
• Не употребувајте ја POWERbot на маси или
други високи површини.
– Постои ризик од оштетување ако падне.
• POWERbot може да се удри во столче или во
ногарки од маса, така што се препорачува да ги
тргнете за побрзо и поефикасно чистење.
• Додека POWERbot работи, немојте да ја кревате
или да ја носите на друго место.
• Немојте да ја држите POWERbot за тркалата за
придвижување кога ја пренесувате во друга
просторија.
• Не ставајте предмети врз POWERbot, затоа
што може да предизвикаат неправилно
функционирање.
• Веднаш отстранете ги сите големи хартии
или пластични ќесиња кога ја употребувате
POWERbot, затоа што тие може да го блокираат
влезот за вшмукување.
• Немојте да ја насочувате црвената светилка
директно во луѓе или животни.
• Немојте да лежите на земја во близина на
POWERBOT додека работи.
– Вашата коса може да се заглави во четката,
што може да доведе до физичка повреда.
Чистење и одржување
• Придржувајте се до следните правила за да
спречите какви било оштетувања на POWERbot.
– Немојте да ја чистите POWERbot со
распрскување вода директно на неа или да
користите бензол, разредувач, ацетон или
алкохол за да ја исчистите.
• Немојте да ја расклопувате или поправате
POWERbot. Ова треба да го врши само овластен
мајстор.
• Одржувајте ги чисти сензорите за пречки и
дупки.
– Доколку се насоберат надворешни честички,
сензорите може да не функционираат
правилно.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents