Samsung POWERbot VR R72 Series Quick Reference Manual page 47

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Во врска со напојувањето
• Намалете го ризикот од пожар, електричен удар
или повреда.
– Немојте да го оштетувате кабелот за напојување.
– Немојте да го влечете кабелот за напојување
премногу силно или да го допирате кабелот за
напојување со влажни раце.
– Немојте да користите извор на напојување
кој е различен од 100-240 V, ниту пак
продолжителен кабел со повеќе приклучоци
за истовремено напојување на повеќе уреди.
(Не го оставајте кабелот на подот.)
– Не употребувајте оштетен приклучок за
напојување, кабел за напојување или
разлабавен штекер.
• Исчистете ја правта или другите надворешни
честички од контактот на приклучокот за
напојување.
– Постои ризик од електричен удар или дефект.
Пред употреба
• POWERbot не треба да се користи во близина на
грејни тела или запаливи материјали.
– Powerbot не треба да се користи покрај оган,
како на пример, покрај преносливо грејно
тело, запалена свеќа, столна ламба, камин
итн. или на места каде што има запаливи
материјали како бензин, алкохол, разредувач
итн.
• Проверете дали има опасни предмети во зоната
што треба да ја чисти POWERbot за да спречите
судар и исклучете ги сите електрични грејни
тела или вентилатори.
• POWERbot е наменета за домашна употреба и
затоа не треба да се употребува во поткровја,
подруми, складишта, индустриски објекти,
простор на отворено, места со влага (како на
пример, бања, пералница), на маса или полици.
– POWERbot може да се оштети или да не
работи правилно.
• Погрижете се POWERbot да не допира ниту да
поминува низ какви било течности.
– POWERbot може сериозно да се оштети и
може да ги контаминира другите места ако
тркалата поминат низ течност.
-3
Безбедносни информации
Македонски-5
• Ставете ги граничните маркери на места каде што
може да падне POWERbot, како што е горниот
почеток на скалите или нивната ограда, за да
спречите оштетување на производот и повреди.
– Имајте предвид дека сензорот за дупки мора
секогаш да биде чист заради безбедност.
• Немојте да истурате течности врз приклучната
станица.
– Постои ризик од пожар или електричен удар.
• Не го употребувајте полначот / приклучната
станица за ништо друго освен за нивната намена.
– Постои ризик од пожар или сериозно
оштетување на приклучната станица.
• Секогаш одржувајте го сензорот за дупки чист за
ваша безбедност.
При употреба
• Доколку забележите невообичаени звуци,
мириси или чад од POWERbot, веднаш
исклучете го прекинувачот за опасност на
долната страна на POWERbot и обратете се во
сервисен центар.
Чистење и одржување
• Ако кабелот за напојување е оштетен, обратете
се во сервисен центар за да го замени овластен
мајстор.
– Постои ризик од пожар или електричен удар.
• Обратете се до Samsung Electronics центарот за
грижа за корисници кога ги менувате батериите.
– Користењето батерии од други уреди може да
предизвика дефект.
ВНИМАНИЕ
Пред употреба
• Ставете ја кантичката за прав пред да започнете
со користење на POWERbot.
• Внимавајте на следните работи за правилно
автоматско полнење.
– Секогаш вклучувајте го напојувањето на
приклучната станица.
– Поставете ја приклучната станица на место
каде што POWERbot ќе може лесно да ја најде.
– Не оставајте никаков предмет пред
приклучната станица.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents