Skil 5330AA Instructions Manual page 180

Compact multi-material saw
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПРИ
СЕЧЕЊЕ СО МАШИНАТА
a) Заштитата што се обезбедува со алатот мора
безбедно да се закачи на алатот и да се постави
за да пружи максимална безбедност на тој начин
што помал дел од тркалото ќе биде изложено
кон работникот. Поставете се себеси и
присутните лица подалеку од просторот на
ротирачкото тркало. Заштитата го штити
операторот од деловите на скршеното тркало и од
случаен контакт со тркалото.
b) Користете само дијамантски тркала за
отсекување со алатот. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
c) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
d) Тркалата мора да се користат само за
препорачаните примени. На пример: Не брусете со
страната на тркалото за сечење. Абразивните
тркала за сечење се наменети за периферално
брусење. Применетите странични сили кај овие
тркала може да предизвикаат кршење.
e) Секогаш користете неоштетени потпори за
тркалата со соодветен дијаметар за избраното
тркало. Соодветните потпори за тркалата го
потпираат тркалото и на тој начин ја намалуваат
можноста за кршење на тркалото.
f) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
g) Вкупната димензија на тркалата и потпорите
мора правилно да легнуваат на алатот. Тркалата
и потпорите со отворите коишто не соодветствуваат
на елементот за поставување кај алатот нема да
работат рамномерно, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат да ја загубите контролата.
h) Не користете оштетени тркала. Проверете ги
тркалата дали имаат отцепени делови и
пукнатини. Ако алатот или тркалото паднат,
проверете дали се оштетиле или ставете
неоштетено тркало. По проверката и
поставувањето на тркалото, поставете се
подалеку од опсегот на областа на ротирачкото
тркало, потоа вклучете го алатот на
максималната брзина да работи една минута без
оптоварување. Оштетените тркала обично ќе се
откачат во текот на овој период за проверка.
i) Носете лична опрема за заштита 6. Зависно од
употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска. Ако е
соодветно, носете маска за прашина, заштита за
уши, ракавици или престилка што имаат
капацитет да ги застануваат ситните абразивни
честички или остатоци од работата. Заштитата за
очи мора да овозможува застанување на
разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на честички
коишто се генерираат при работата. Продолжено
изложување на голема бучава може да го оштети
слухот.
j) Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема за
заштита. Честичките од работата или од скршена
дополнителна опрема може да одлетаат и да
предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
k) Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање кога извршувате работа
при која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон, може да
ги електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот.
l) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече или
се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
m) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
n) Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
o) Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар.
p) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
q) Не користете дополнителна опрема којашто бара
течни разладувачи.Употребата на вода или други
течни разладувачи може да предизвикаат
електричен удар или смрт.
5) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратниот удар е ненадејна реакција на заглавено
или попречено ротирачко тркало. Потфаќањето или
заглавувањето предизвикуваат нагло попречување
на тркалото што предизвикува алатот врз кој веќе
немате контрола да се потисне во правец обратен од
ротацијата на тркалото кај точката на поврзување.
• На пример, ако абразивното тркало се потфати или
заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да се
закопа во површината на материјалот и со тоа да
предизвика тркалото да се откачи или да ве бутне.
Тркалото може да отскокне кон или обратно од
ракувачот, зависно од правецот на движење на
180

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5330

Table of Contents