Одржување И Чистење - Dremel 4300 Original Instructions Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
да го водите по работното парче користејќи многу мал
притисок со раката. Дозволете му на приборот да си ја
изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот
во повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа
со едно поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста од правење
грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен настрана од
Вашето лице. Приборот може да се оштети за време
на ракувањето и може да се распадне на парчиња
при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги
покривате отворите за вентилација. Блокирањето
на отворите за вентилација може да предизвика
прегревање на моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи држете го
мултифункционалниот алат во раката како пенкало
помеѓу палецот и показалецот.
Методата на држење дршка за „голф" се користи за
потешки операции, какви што се брусење или сечење.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON") со помош на лизгачки
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето
на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON"), лизнете го
копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF"), лизнете го
копчето наназад.
ЕЛЕКТРОНСКА ПОВРАТНА ВРСКА (4000/4250/4300)
Вашиот алат е опремен со интерен систем за
електронска повратна врска која овозможува „мек
старт", кој го намалува притисокот што настанува
поради стартот со висок број на вртежи. Овој систем
исто така помага претходно избраната брзина да се
одржува виртуелно константна помеѓу состојба на
неоптовареност и оптовареност.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА ПРОМЕНА НА
БРЗИНАТА (3000)
Вашиот алат е опремен со лизгачки прекинувач за
менување на брзината. Брзината може да се подесува
во текот на работењето, со лизгање на прекинувачот
напред или назад помеѓу некоја од поставките.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
БИРАЊЕ НА ВАРИЈАБИЛНА БРЗИНА
(4000/4250/4300)
Вашата алатка е опремена со бирање на варијабилна
брзина. Брзината може да се дотерува во текот на
работата, така што однапред ќе го подесите бирањето
или на некоја или помеѓу овие две поставки.
За да ја изберете соодветната брзина за секој вид
работа, користете парче од материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
A d
Видете ја табелата на стр. 17-18 за да ја одредите
соодветната брзина за материјалот со којшто работите
и кој прибор да го употребите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин. кога
користите жичени четки.
Поставка за работење со жичена четка (4250/4300) =
5-10
Повеќето операции можат да се извршат ако алатот
го подесите на највисок степен. Меѓутоа, извесни
материјали (некои видови пластика и метали) можат
A a
A s
187
да се оштетат бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со релативно
мали брзини. Работењето со мали брзини (15.000 врт./
мин. или помалку) обично е најдобро за полирање
со прибор за полирање со филц. Сите работи на
четкање вршете ги со помали брзини за да го спречите
испаѓање на парчиња жица од лежиштето на четката.
Дозволете му на алатот да ја завршат работата за Вас
кога користите помала брзина. Повисоките брзини се
посоодветни за тврдо дрво, метал и стакло, како и за
дупчење, резбање, сечење, гравирање и врежување
жлебови во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на алатот:
Пластиката и останатите материјали кои се топат
на ниски температури, треба да се режат при ниски
брзини.
Полирањето, гланцањето и чистењето со жичена
четка мора да се прави при брзини кои не се
поголеми од 15.000 врт./мин., за да се спречи
оштетувањето на четката и на Вашиот материјал.
Дрвото треба да се сече со висок број на вртежи.
Железото или челикот треба да се сечат со висок
број на вртежи.
Доколку ножот од брзорезен челик почне да
вибрира, тоа обично значи дека работи со премал
број на вртежи.
Aлуминиум, легури од бакар, од олово, цинк и
калај може да се сечат при различни брзини,
во зависност од видот на сечењето. Користете
парафин (не вода) или друго соодветно средство за
подмачкување на ножот, за да спречите сечениот
материјал да се лепи на запците од ножот.
НАПОМЕНА: Не е добро да го зголемувате
притисокот врз алатот ако алатот не работи
исправно. Обидете се со друг прибор или со
подесување на друга брзина за да го постигнете
саканиот резултат.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ
ВО ВНАТРЕШНОСТА НЕМА ДЕЛОВИ ШТО МОЖЕ
!
ДА ГИ СЕРВИСИРА КОРИСНИКОТ (можете само
да ги проверувате и менувате графитните четкички
(3000/4250/4300)). ПРЕВЕНТИВНОТО ОДРЖУВАЊЕ
ШТО ГО ВРШАТ НЕОВЛАСТЕНИ ЛИЦА МОЖЕ ДА
ИМА ЗА РЕЗУЛТАТ НЕИСПРАВНО ПОВРЗУВАЊЕ НА
ВНАТРЕШНИТЕ ЖИЦИ И КОМПОНЕНТИ,КОЕ, ПАК,
МОЖЕ ДА ПРЕДИЗИВКА СЕРИОЗНИ ОПАСНОСТИ.
ПРОВЕРКА/ЗАМЕНА НА ГРАФИТНИТЕ ЧЕТКИЧКИ
(3000/4250/4300)
A f
Проверувајте ги четкиците дали се истрошени на секои
40-50 часа користење на алатот.
Исто така, проверете ги четкичките кога алатот работи
неправилно, губи сила или прави необични шумови.
Ако алатот го користите со изабени четкици, тоа
може трајно да го оштети моторот.
Користете само оригинални резервни четкички DREMEL.
1. Исклучете го алатот и ставете го на чиста
површина.
2. Тргнете ги двете капачиња за четкичките со помош
на клучот како шрафцигер.
3. Тргнете ги двете четкички од алатот така што ќе ги
извлечете пружините што се прикачени.
4. Проверете ги двете четкички. Ако некоја четкичка
има должина помала од 3 mm и/или површината на
четкичката е рапава или има дупчиња, заменете ја
со нова:
– извадете ја пружината од четкичката

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

300040004250

Table of Contents