Makita DCC500 Instruction Manual page 87

Cordless dustless cutter
Hide thumbs Also See for DCC500:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Состојба на аномалии
Вакуумската правосмукалка не
работи заедно со менувањето на
работата на алатот.
Вакуумската правосмукалка
работи додека е не повлечен
прекинувачот за стартување.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Острење на дијамантското тркало
Ако дијамантското тркало почне да сече послабо,
употребете стар, фрлен, груб, брусен камен или
бетонски блок за да го наострите. За острење,
прицврстете го добро брусното тркало или
бетонскиот блок и сечете во него.
Можна причина (дефект)
Безжичниот уред не е инсталиран
во алатот.
Безжичниот уред е неправилно
инсталиран во алатот.
Терминалот на безжичниот уред и/
или отворот се валкани.
Копчето за активирање на
безжичниот уред на алатот не е
притиснато.
Прекинувачот за режим на
подготвеност на вакуумската
правосмукалка не е поставен на
„AUTO".
Повеќе од 10 алати се регистрирани
на вакуумската правосмукалка.
Вакуумската правосмукалка ги
избриша сите регистрации на алатот.
Нема напојување
Алатот и вакуумската правосмукалка
се оддалечени еден од друг (надвор
од опсегот за пренос).
Радиопречки од други уреди што
создаваат радиобранови со висок
интензитет.
Други корисници го користат
активирањето на безжичниот уред
на вакуумската правосмукалка со
нивните алати.
87 МАКЕДОНСКИ
Поправка
Инсталирајте го безжичниот уред правилно.
Нежно избришете ги нечистотијата и правот од
безжичниот уред и исчистете го отворот.
Притиснете го кратко копчето за активирање на
безжичниот уред и осигурете се дека ламбичката
за активирање на безжичниот уред трепка сино.
Поставете го прекинувачот за режим на
подготвеност на вакуумската правосмукалка на
„AUTO".
Повторно извршете ја регистрацијата на алатот.
Ако повеќе од 10 алати се регистрирани на
вакуумската правосмукалка, алатот што
е регистриран најрано ќе биде откажан
автоматски.
Повторно извршете ја регистрацијата на алатот.
Напојувајте ги алатот и вакуумската
правосмукалка.
Приближете ги алатот и вакуумската
правосмукалка еден до друг. Максималната
далечина на преносот е околу 10 м, сепак може
да се разликува зависно од околностите.
Држете ги алатот и вакуумската правосмукалка
подалеку од уредите како Wi-Fi-уреди и
микробранови печки.
Исклучете го копчето за активирање на
безжичниот уред на другите алати или откажете
ја регистрацијата на алатот на другите алати.
По употреба
Исчистете ја прашината во внатрешноста на алатот,
оставајќи го да поработи во празен òд одредено
време. Избришете ја насобраната прашина од
основата. Насобраната прашина во моторот или на
основата може да предизвика дефект на алатот.
Чистење на капакот за тркало
Чистете ја внатрешната страна од капакот за тркало
во редовни интервали.
1.
Извадете ги сите додатоци на капакот за
тркало пред откачување на капакот од алатот.
2.
Олабавете го шрафот и извлечете го од
куќиштето на запченикот.
► Сл.47: 1. Шраф
3.
Избришете го правот што се насобрал на
внатрешната површина од капакот. Користете крпа
навлажнета со вода за целосно бришење на правот
што се залепил на капакот.
► Сл.48: 1. Внатрешна страна од капакот
Заменете го капакот во алатот порамнувајќи ги неговите
жлебови на водилката со насочувачите на водилката на
куќиштето на запченикот. Потоа цврсто стегнете го шрафот.
► Сл.49: 1. Жлебови на водилката на капакот за
тркало 2. Насочувачи на водилката на
куќиштето на запченикот

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcc500z

Table of Contents