Makita DCC500 Instruction Manual page 80

Cordless dustless cutter
Hide thumbs Also See for DCC500:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја рачката.
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на рачката.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
длабочината на сечење, така што дијамантското тркало
ќе стрчи 2 мм или помалку под работниот материјал.
Користењето соодветна длабочина на сечење помага во
намалувањето на потенцијалот за опасни ПОВРАТНИ
УДАРИ што може да предизвикаат телесна повреда.
► Сл.3: 1. Лост 2. Насочувач за длабочина
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го нагодите аголот
на закосеност, секогаш затегнете гo стезниот
шраф.
► Сл.4: 1. Клемаста завртка 2. Скала за косо сечење
Разлабавете ја клемастата завртка на скалата за
косо сечење од предниот дел на основата. Поставете
го саканиот агол (0° - 45°) со соодветно навалување,
а потоа цврсто стегнете ја клемастата завртка.
Нишанење
За рамно сечење
Порамнете го страничниот раб на основата со
наменетата линија за сечење на работниот материјал.
► Сл.5: 1. Страничен раб на основата 2. Линија за сечење
За надолжно косо сечење од 45°
Порамнете го внатрешниот раб на засекот на
водилката во основата со наменетата линија за
сечење на работниот материјал.
► Сл.6: 1. Внатрешен раб на засекот на водилката
2. Линија за сечење
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
не користете го алатот ако работи со
едноставно повлекување на прекинувачот
без да се притисне копчето за одблокирање.
Прекинувачот што треба да се поправи може да
резултира со ненамерно стартување на алатот
и тешка телесна повреда. Вратете го алатот во
сервисен центар на Makita за соодветна поправка
ПРЕД натамошна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
оневозможувајте го копчето за блокирање
туркајќи го надолу или на друг начин.
Прекинувачот со поништено копче за блокирање
може да резултира со ненамерно стартување на
алатот и тешка телесна повреда.
НИКОГАШ
НИКОГАШ не
80 МАКЕДОНСКИ
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го силно
прекинувачот за стартување без да го
притиснете копчето за деблокирање. Тоа може
да предизвика дефект на прекинувачот.
ВНИМАНИЕ:
Алатот започнува да го сопира
вртењето на дијамантското тркало веднаш штом ќе
го отпуштите прекинувачот за стартување. Држете
го алатот цврсто за да се одговори на реакцијата
на сопирачката при отпуштање на прекинувачот за
стартување. При ненадејната реакција алатот може да
ви падне од рацете и да предизвика лична повреда.
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.
► Сл.7: 1. Прекинувач 2. Копче за деблокирање
Блокада на оската
Притиснете ја блокадата на оската за да спречите вртење на
вретеното кога монтирате или вадите дијамантско тркало.
► Сл.8: 1. Блокада на оската
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ја блокадата на
оската кога вретеното се движи. Алатот може да
се оштети.
Вклучување на ламбата
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
За да ја вклучите работната ламбичка, притиснете го
и задржете го копчето за одблокирање и повлечете
го прекинувачот за стартување.
Ламбата ќе се исклучи по 10 секунди од
отпуштањето на прекинувачот за стартување.
► Сл.9: 1. Работна ламбичка
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Предупредување за преоптоварување
Доколку алатот работи со прекумерно
оптоварување, работната ламбичка ќе трепка. Во
овој случај, намалете го оптоварувањето на алатот.
Електронска функција
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка на
сечилото. Ако алатот постојано не успева брзо
да прекине да функционира по отпуштање на
прекинувачот за стартување, алатот треба да се
однесе на сервис во сервисен центар на Makita.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcc500z

Table of Contents