Makita DTD153Z Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for DTD153Z:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
► Сл.4: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
Вклучување на предната ламба
► Сл.5: 1. Ламба
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Повлечете го прекинувачот за вклучување на
ламбата. Ламбата продолжува да свети додека
прекинувачот е повлечен. Ламбата ќе се исклучи
приближно 10 секунди по отпуштањето на
прекинувачот.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.6: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е во
неутрална положба, прекинувачот за вклучување не
може да се повлече.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување
на бургијата за одвртување/
приклучокот за бургијата
► Сл.7
Користете само бургија за одвртување/приклучок
за бургијата што има дел за вметнување како што е
прикажано на сликата. Не користете никаква друга
бургија за одвртување/приклучок за бургијата.
За алат со плитка дупка за бургија за одвртување
A=12 мм
B=9 мм
За алат со длабока дупка за бургија за
одвртување
A=17 мм
B=14 мм
A=12 мм
B=9 мм
Постапка 1
За алат без ракав од типот со еден допир
► Сл.8: 1. Бургија за одвртување 2. Ракав
За да ја поставите бургијата за одвртување,
повлечете го ракавот во насока на стрелката и
ставете ја бургијата за одвртување во ракавот колку
што може да влезе.
Потоа отпуштете го ракавот за да ја зацврстите
бургијата за одвртување.
За алат со ракав од типот со еден допир
За да ја поставите бургијата, ставете ја во ракавот
колку што може да влезе.
Постапка 2
Како дополнување на Постапка 1 вметнете го
елементот за бургија во ракавот со зашилениот крај
свртен навнатре.
► Сл.9: 1. Бургија за одвртување 2. Елемент за
бургија 3. Ракав
За отстранување на бургијата за одвртување,
повлечете го ракавот во насока на стрелката и
извлечете ја бургијата за одвртување нанадвор.
34 МАКЕДОНСКИ
Користете го само овој вид
бургија за одвртување.
Следете ја постапката 1.
(Забелешка) Елемент за
бургија не е потребен.
За монтирање на овие
видови бургии, следете ја
постапката 1.
За монтирање на овие
видови бургии, следете ја
постапката 2. (Забелешка)
Елемент за бургија е
потребен за монтирање на
бургијата.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dtd153

Table of Contents