Download Print this page

Oral-B iO Manual page 108

Hide thumbs Also See for iO:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вообичаено, крварењето би требало да запре по неколку
дена. Ако продолжи и по 2 седмици, советувајте се со
вашиот стоматолог или забен хигиеничар. Ако имате
чувствителни заби/непца, тогаш Oral-B препорачува
користење на режимите «Sensitive» (Чувствителен) или
«Super Sensitive» (Супер чувствителен) (по избор во
комбинација со главата на четкичката «Gentle Care» (Нежна
нега) за Oral-B (d)).
Достапноста на режимите зависи од купениот модел.
Тајмер
Тајмерот сигнализира со краток испрекинат звук на
интервали од 30 секунди за да преминете на следниот
квадрант од устата. Долгиот испрекинат звук го означуваат
крајот на професионално препорачаното 2-минутно време
на четкање.
Тајмерот го меморизира изминатото време на четкање
дури и кога рачката е кратко време исклучена за време на
четкањето. Тајмерот се ресетира ако паузирате подолго од
30 секунди или ако ја ставите рачката на вклучениот
полнач.
Напомена: Додека ја користите апликацијата Oral-B,
тајмерот може да биде деактивиран за некои опции.
Напомена: Исто така, може да ги приспособите поставките
на тајмерот преку апликацијата Oral-B.
Функции на паметниот сензор за притисок (а)
Вашата четкичка за заби е опремена со паметен сензор за
притисок (3) којшто има различни функционалности
означени преку различни светлосни бои:
Бела (стандардна) = Индикатор за работа (изберете
индивидуална боја преку апликацијата Oral-B App (b)) /
Индикатор за слаб притисок
Црвена = индикатор за силен притисок / индикатор за
слаба батерија
Зелена = индикатор за препорачан притисок
Сина = индикатор за спарување со Bluetooth
Портокалова = Индикатор за грешка (следете ги пораките
на екранот)
Четкајте со правилниот притисок означен со зеленото
светло. Ако притиснете пресилно, ќе светне црвено, што ќе
ве потсети да го намалите притисокот. Ако паметниот
сензор за притисок свети бело (или во вашата претходно
избрана боја), препорачуваме да примените посилен
притисок.
107

Hide quick links:

Advertisement

loading