Download Print this page

Oral-B iO Manual page 106

Hide thumbs Also See for iO:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Менувајте ја главата на четкичката ако се изаби на секои
3 месеци или порано.
• Правилно чистете ја главата на четкичката по секоја
употреба (видете го делот «Препораки за чистење»).
Соодветното чистење значи безбедна употреба и
функционален век на четкичката за заби.
Важни информации
• Оваа четкичка за заби и торбичката (додаток) содржат
магнети NdFeB и создаваат магнетни полиња. Ако
користите медицински уред или имате имплантиран
медицински уред, консултирајте се со производителот
на медицинскиот уред или со лекар ако имате прашања
во врска со безбедно користење на четкичката за заби
Oral-B iO.
• Вашата четкичка Oral-B toothbrush може да се користи
со вашиот паметен телефон (најдете детали во
«Поврзување на четкичката за заби со паметниот
телефон»). За да избегнете електромагнетни пречки и/
или конфликт во компатибилноста, оневозможете го
Bluetooth® на рачката на четкичката за заби (5) пред да
ја користите во забранета средина, како што се авиони
или специјално означени зони во болниците.
• Оневозможете го Bluetooth така што ќе влезете во
менито со «Поставки» на интерактивниот екран (4)
-> Bluetooth -> disable (оневозможи). Следете ја истата
процедура за повторно овозможување на Bluetooth.
• Лицата со пејсмејкери секогаш треба да ја држат
четкичката за заби оддалечена повеќе од 15 сантиметри
од пејсмејкерот додека е вклучена. Секогаш кога се
сомневате дека има пречки, оневозможете го
Bluetooth.
Спецификации
За спецификации на волтажата, погледнете на долниот дел
од единицата за полнење.
Ниво на бучава: 64 dB (А)
Прва употреба
Разбудете ја четкичката за заби со притискање на копчето
за вклучување/исклучување (7) и следете ги упатствата на
интерактивниот екран (4) за да започнете со првичното
поставување.
Ако нема дополнителни упатства на екранот, може да се
префрлате со копчето за режим (8) и да избирате со
копчето за вклучување/исклучување (7).
Поставките може да ги промените преку менито со
«Поставки» (17) во секое време.
105

Hide quick links:

Advertisement

loading